GOODYEAR - ADAC победник за летни гуми

Goodyear EfficientGrip Performance 2 е ултимативен победник на сите тестови на ADAC за летни гуми 15” и 17" за 2022 година. Сосема заслужени победи за 185/65 R15 и 215/55 R17 - најпопуларните димензии за патнички автомобили во Македонија. 

На најновиот тест на ADAC на летни гуми од 15” за 2022 година победник е Goodyear EfficientGrip Performance 2. ADAC спореди 16 различни летни гуми во оваа популарна димензија за сегментот на мали автомобили.

Германската независна институција, го објави тестот заедно со ÖAMTC и TCS – независни институции од Австрија и Швајцарија. Тестирана големина беше 185/65R15 мерејќи голем број критериуми, како перформанси во суви и влажни услови, бучава, потрошувачка на гориво и абење.

Побарај понуда 

Во извештајот, ADAC ви препорачува Goodyear EfficientGrip Performance 2 за „чести возачи“ бидејќи постигна најголема километража од сите 16 тестирани летни гуми. Со силни резултати во сите категории, Goodyear EfficientGrip Performance 2 го доби најдобриот вкупен резултат.


Километражата и долговечноста се клучна карактеристика на Goodyear EfficientGrip Performance 2, кој може да се пофали со импресивна 50% поголема километража од својот претходник и 20% повисока од најблискиот тестиран конкурент. ADAC ја потврдува импресивната километража на гумата со оценка „многу добра“ за нејзината долговечност и силни резултати во сите други тестирани критериуми.

Погледни други тестови на ADAC

Тестот на ADAC се однесува на 185/65R15, што е вообичаено поставување на многу автомобили, како Audi A1, Citroën C3, Fiat Panda, Renault Clio и Zoe и Volkswagen Polo.


Лоран Колантонио, регионален директор за технологија EMEA, Goodyear вели: „Линијата EfficientGrip Performance 2 е дизајнирана да биде одлична сеопфатна алатка за возачи на широк спектар на автомобили на кои им е потребна одлична километража и долговечност заедно со сигурни перформанси на суво и влажно.

Погледни ги и другите димензии на Goodyear летни гуми 

Германската автомобилска организација ADAC и нејзините европски партнери ÖAMTC и TCS изгласаа ултимативен победник за димензија 185/65 R15. Тоа е Goodyear EfficientGrip Performance 2!

Види ја целосната понуда на летни гуми за димензија 185/65 R15

Повеќе информации на news.goodyear.eu