Индустриски и земјоделски

Со седиште во Мумбаи, Индија, Balkrishna Industries Limited (BKT) е водечки производител на пазарот за индустриски гуми.

Од самото основање во 1987 година, БКТ успешно се фокусира на специјализирани сегменти, како што се земјоделски, градежни и индустриски возила, како и земјени, пристанишни и рударски, АТВ, картинг и градинарски машини. Како резултат на успешната работа, БКТ брзо се разви во глобален играч во гумарската индустрија.

Денес БКТ располага со широка палета на производи со исклучително висок квалитет. БКТ е единствената компанија која дава гаранција од 3 години за своите земјоделски и индустриски пневматици. Како доказ за незаменливиот квалитет е фактот што најголемите производители на трактори како John Deer, Deutz_Fahr, JCB, Massey Ferguson, Terex и други, ги користат БКТ гумите како прво вградување во своите возила.

Во моментов, БКТ располага со вкупно 5 фабрики во Индија и 4 подружници во Европа и Северна Америка. Производите на БКТ се продаваат во 130 земји ширум светот преку мрежа на национални дистрибутери. Официјален и ексклузивен увозник за Македонија е компанијата ТДА Трејд, Скопје.



За повеќе информации и конкретна понуда:

075-249-843, 02/5111-777 stojance@tda.com.mk