ADAC тест 195 65 R15 зима 2021

Дали знаете кој е ултимативниот победник на #ADAC тестовите за зимската сезона 2021?

Снег, мраз, влажно или суво-студено време: кој е најдобар да се справи со различните услови во студената сезона? 16 брендови на гуми за автомобили учествуваа во тестот на ADAC и во продолжение се резултатите.

Четири зимски гуми во димензијта 195/65 R15 го добија посакуваниот ADAC „добар“ рејтинг:

  •           Dunlop Winter Response 2,
  •           Goodyear UltraGrip 9+,
  •           Michelin Alpin 6 и
  •           Vredestein Wintrac. 

Тие се наградени со добра оценка бидејќи се многу избалансирани во сите главни критериуми.

Побарај понуда

И покрај тоа што разновидноста и големината на димензиите на гумите за нови возила постојано се зголемуваат, димензијата 195/65 R15 во класата на брзина Т до 190 км/ч се уште е една од најпродаваните димензии, барем во сегментот на зимски пневматици. Се вградува на возила од средната класа како Opel Astra или VW Golf.


Браќата од групцијата на Dunlop и GoodYear убедуваат со својата добра сува изведба, особено на снежните падини. И додека Dunlop Winter Response 2 се уште е оптимизиран во однос на економичната потрошувачка на гориво, GoodYear UltraGrip 9+ оди малку подалеку во однос на перформансите на влажен и/или замрзнат пат. Michelin Alpin 6 традиционално постигнува резултати во однос на абењето, но овој пат исто така покажува добри перформанси на суви патишта. Ако ви е особено важен економско-еколошкиот аспект, добриот Vredestein е во предност бидејќи ја комбинира ниската потрошувачка на гориво со ниско трошење.

Погледни ги и другите тестови на ADAC за зимска сезона 2021

Зад оваа врвна четворка, се пласираа BFGoodrich g-Force Winter2 и Continental WinterContact TS 860, кои го пропуштија добриот рејтинг поради девалвација на еден главен критериум. И двајцата постигнуваат добар рејтинг на тестот за абење и добро се снаоѓаат и на снег и мраз. Но, тие се однесуваат спротивно и незадоволително на суви и влажни патишта. Додека BFGoodrich е подобар на суво, благодарение на неговата висока прецизност, неговите перформанси на влажно, врз основа на тест патеката, веќе не се доволни за да се добие добар рејтинг. Continental од друга страна, тврди дека има врвна оценка по влажни коловози, но покажува слабости во суви услови.


Најниско се пласираа петте брендови на гуми кои имаат тажна “задоволувачкa” оценка. Yokohama BluEarth Winter V906 импресионира на суви патишта, како и на снег и мраз. Но, се уште има простор за подобрување во однос на абењето и перформансите на влажни патишта и затоа е толку ниско оценета. Иако Barum Polaris 5 покажува добри резултати на снег и мраз, овој бренд добива само задоволителна оцена за суви и влажни услови. Во случајот на Nokian WR Snowproof, кој доби добри оценки во сите други главни критериуми, слабостите на влажните патишта доведуваат до девалвација на целокупниот рејтинг.

Види ја целосната понуда на зимски гуми за димензија 195/65 R15


Извор: ADAC test 2021: 195/65 R15 winter tires

https://www.adac.de/rund-ums-fahrzeug/tests/reifen/winterreifen/195-65-r15/


Сите тестови на зимски гуми за сезоната 2021 можете да ги најдете во брошурата
ADAC brochure Winter and All-Season Tires 2021