Pneumatik - slobodni rabotni mesta

Драго ни е што ве гледаме на страната за кариера на Пнеуматик.

Не бараме луѓе со супер моќи, туку само мотивирани луѓе со одлични комуникациски вештини, луѓе кои се подготвени да преземат професионална одговорност. За возврат, можете да добиете можност за градење кариера во брзорастечка компанија, професионален развој во земјата и во странство, како и брзо напредување на менаџерски позиции. Доколку сте мотивирани да станете дел од таков тим, проверете ги отворените позиции.


Отворени работни места за следниве позиции:

1. ПРОДАВАЧ - Аеродром

2. МАГАЦИОНЕР - Визбегово

3. Cаll operator - Аеродром (сезонски) 


1. ПРОДАВАЧ

Ако сакаш да работиш динамична работа што ќе те натера да излезеш од зоната на удобност и што ќе те предизвика - тогаш ова е вистинската позиција за тебе.

Идеалниот кандидат треба да има позитивен став и да биде страствен за продажба. Успехот во оваа работа ќе зависи од твојот стремеж за постигнување резултати, твојата желба за учење и напредок, но пред сè, од твојот ентузијазам.

Види повеќе за позицијата продавач тука


2. МАГАЦИОНЕР

Ако знаеш каде ти стои и последниот штраф, те сакаме во магацин! Бараме одговорен лик што не се плаши од ред во хаосот, човек кој бара работа во движење, а не врзана за биро.  Сакаш сè да е на свое место и немаш проблем да преместиш нешто тешко од точка А до Б?

Тогаш види повеќе за позицијата магационер тука


3. Call operator (сезонски)

Дали си постојано на телефон?! Конечно е време да заработиш пари од тоа. Работното време е сезонско, така што можеш да го комбинираш со други обврски. Твојата задача би била постојано да комуницирате со клиентите по телефон, да одговарате на нивните прашања и да закажувате термини.

Види повеќе за позицијата тука


Избор на кандидати

Со просечна возраст од 33 години, нашиот тим, во спортска смисла, е еден од помладите тимови на теренот. Затоа сме исклучително горди на атмосферата и постигнатите резултати, кои се мерат со неколку цифрен годишен раст. Доколку сте мотивирани да станете дел од таков тим, проверете ги отворените позиции.

Ако немате три години работно искуство, пет години пракса и не сте експерт во областа на автомобилизмот или пак продажбата и маркетингот, но сакате да научите сè во овие области - тогаш сте на вистинското место. Пнеуматик бара нови надежни кандидати, луѓе без искуство кои сакаат да учат и да ги поместуваат своите граници. Затоа со нетрпение ја очекуваме вашата апликација, дури и ако содржи само една реченица: „Сакам да работам со вас“!



Иако ја сакаме и почитуваме различноста, нашите колеги од одделот за човечки ресурси работат на тоа да изберат кандидати кои најдобро одговараат на нашиот тим. Секоја апликација ја разгледуваме детално, а потоа ги покануваме само кандидатите од потесниот избор на лично интервју.

Сите заинтересирани кандидати потребно е да пратат биографија на pneumatik@pneumatik.com.mk. Телефонските јавувања нема да бидат земени во предвид. Само кандидатите кои ќе бидат повикани на разговор ќе бидат лично контактирани.




Постојано отворени работни позиции!

При доставување на Вашата апликација за вработување, битно е да напоменете во кој сегмент од организацијата се гледате себе си, односно за која работна позиција сметате дека имате соодветни квалификации и афинитети (пр. продажба, комерција, администрација, финансии, сервис, итн).

Ве предупредуваме, дека согласно Законот за лични податоци, со самото доставување на апликацијата за вработување се согласувате Вашите лични податоци да бидат предмет на обработка за потребите на компанијата, при процесот на селекција на апликанти за вработување во истата.