Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме да не контактирате на телефонскиот број 078-366-566 или да ни испратите е-маил на pneumatik@pneumatik.com.mk. Неопходно е да го имате бројот на нарачката и да ни го кажете кодот на производот.

Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, со залепена оригинална декларација на него и со приложена сметка/испратница/фактура како потврда за направената нарачка.

Во малопродажниот објект на Пнеуматик кој вие ќе го одберете се врши физичка проверка на производот кој што сакате да го вратите или замените по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена.

По прием на производот, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Без претходна комуникација и договор со операторите во oн-лајн продавницата, не можете самоиницијативно да правите замена во малопродажните објекти на Пнеуматик.

Нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот бил употребуван или монтиран (па дури и “само еднаш”)!

Рок за замена

Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот.

Трошоци за достава

Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

НАПОМЕНА:

Не е дозволено менување на производите заради година на производство на пневматиците.

При потврдувањето на направената нарачка, од страна на нашите оператори ќе бидете точно информирани за брендот, димензијата и годината на производство на пневматиците кои ги нарачувате. Во разговор со операторите на он-лајн продавнцата можете да се информирате за било која друга карактеристика на нарачаните производи. Откако ќе ја потврдите нарачката се смета дека ги прифаќате производите со сите нивни карактеристики.