Промени ја сезоната од летна во зимска

Кога е најдобро да ги сменам летните со зимски гуми? 

Според Македонскта законска регулатива, од 15 ноември до 15 март задолжително е поседување на пропишана зимска опрема за возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата.

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.



Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4x4) се подразбира:

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри;

– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.



Види ја целосната понуда на зимски гуми за SUV


Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри;

– пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.


Разгледај ја целата понуда на патнички зимски гуми


Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака MS, M+S, M & S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

МВР апелира до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така се овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.