Michelin, tires, tyre, winter tires, summer tires, zimski gumi, letni gumi

Гумите не се банани!

Францускиот производител Michelin креираше медиумска кампања под слоганот “Tires are not bananas” (“Гумите не се банани”) за да ги едуцира своите потрошувачи дека животниот век на гумите не започнува од денот на нивното производство, туку од моментот на нивно монтирање на автомобилот. Ова е пред се затоа што гумите претрпуваат најголемо абење додека се користат, а не додека стојат складирани во магацин. 

Според претставникот на Michelin, Мајкл Нунаг, биле спроведени три различни студии во Јужна Кореја, Германија и Саудиска Арабија кои не покажале апсолутно никаква разлика во перформансите помеѓу новопроизведените гуми и оние што не биле користени три години. Тој објаснува дека: "Студијата во Саудиска Арабија покажала дека гумата што се користи на возило една година има еквивалентно стареење на гума складирана 10 години. Во однос на карактеристиките на шарите на гумата, потребни биле 20 години складирање на 40 степени целзиусови за да ги достигнат истите карактеристики како и гумите што се користат на 40.000 километри, што докажува дека гумите стареат побрзо кога се користат отколку кога се чуваат“.



Мајкл Нунаг од Michelin вели дека оваа заблуда за годината на производство на гумите може да биде и опасна бидејќи потрошувачите имаат тенденција да се фокусираат на тоа наместо да ги одржуваат гумите правилно по инсталацијата. Тие исто така може да изберат погрешни продажни салони засновани на нови примамливи акции наместо квалитетна услуга во сертифицирани сервиси. Значи, наместо да се фокусираат на годината на производство, Нунаг вели дека возачите треба да обрнат внимание на правилна монтажа, одржување на правилен притисок во гумите, правилно порамнување, проверка на оштетувања и мерења на длабочината на шарите.




Гумите кои се правилно чувани во фабрички или малопродажни магацини ги зачувуваат своите карактеристики долго после датумот на нивно производство

Пнеуматик располага со специјализирани магацини за чување на нови неупотребувани гуми, како и вонсезонски гуми оставени на чување во хотелот за гуми. Магацините се опремени по најсовремени стандарди без температурни разлики и без никакво влијание на УВ зраци, масла, хемикалии, влага или други штетни влијанија. Според препораките на производителите, Пнеуматик набави специјализирани сталажи од германски производител, посебно дизајнирани за складирање на пневматици на кои гумата се допира на четири идеални точки, посебно утврдени за да гумата не биде натисната или оштетена, со што се зачувуваат нејзините фабрички карактеристики.

Оттука, Пнеуматик обезбедува фабричка гаранција за сите пневматици кои се продаваат во малопродажните салони без разлика на годината на нивното производство, што е доволен доказ за нивниот висок квалитет.



За пневматиците кои се во употреба односно монтирани на возило, без разлика дали се користат сезонски или постојано, производителите препорачуваат гумите постари од 10 години да бидат проверени од специјалист - вулканизер. Гумите трпат многу различни оштетувања за време на нивниот животен век. Понекогаш возилото може да не е исправно, или гумата да биде надуена или да има други оштетувања видливи, или пак, сосема невидливи со око. Патни пречки, удари на дупки, поплави, екстремни горештини во текот на летото, сето тоа го остава својот белег врз гумите.


Немаш каде да ги чуваш вонсезонски гуми? Провери го нашиот хотел за гуми!