hotel za gumi, cuvanje gumi, gumi, pnevmatici

Пнеуматик ги чува вашите вонсезонски пневматици во хотел за гуми со 5 ѕвезди!

Ако спаѓате во категоријата возачи кои гумите ги чуваат дома, треба да знаете дека во најголем дел од случаите чувањето е неправилно. Гумите или се неправилно наредени или се несоодветно складирани или се изложени на надворешни влијанија. За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона. Неправилното складирање на пневматиците значително ја намалува безбедноста при возењето.


Зошто хотел за гуми?

1.    Идеални услови на чување

Сите пневматици се складираат според правилата пропишани од производителот, односно на специјални сталажи така што притисокот е на повеќе точки на гумата, се со цел истата да не се деформира, односно да се избегне секакво искривување на гумите. Гумите не се изложени на никакво влијание на надворешни услови, хемикалии, влага и особено сонце.

2.    Се продолжува “животниот” век на гумите

Со правилно чување на вонсезонските пневматици се исклучуваат сите можни надворешни фактори за уништување со што се продолжува нивниот век на употреба.


Резервирај термин за промена на гуми


3.    Заштеда на простор

Доколку немате гаража или подрум, оваа услуга е идеална за Вас.

4.    Осигурани и безбедни

Дури и кога имате гаража, подрум или заедничка просторија каде што би можеле да ги складирате вонсезонските пневматици, не можете да бидете сигурни дека истите ќе ги најдете таму каде што сте ги оставиле. Во Пнеуматик сите гуми се осигурани од кражба и пожар.

5.    Ниска цена на чување

Престојот во хотел за гуми чини 1.200 денари за сет гуми во една сезона, што практично значи помалку од 200 денари месечно.

Оставајќи ги пневматиците на чување во хотелот за гуми на Пнеуматик освен што гумите ги оставате во рацете на професионалци, штедите и драгоцено време затоа што при следната промена доаѓате за закажан термин, а гумите ве чекаат веќе подготвени за монтажа.  



Контакт и повеќе инфо:

Центар – 071-368-321, 3231-808, centar@pneumatik.com.mk 

Аеродром – 078-366-566, 5111-777, aerodrom@pneumatik.com.mk 

Илинден – 076-311-911, ilinden@pneumatik.com.mk 

Визбегово – 071-368-322, magacin@tda.com.mk 


Прочитај повеќе новости од автоиндустријата