DUNLOP RoadSmartIV победник на Motorrad

DUNLOP RoadSmartIV победник на Motorrad

Најновиот Dunlop RoadSmart IV е прогласен за победник на тестот на Motorrad. Водечкиот германски магазин тестираше шест брендови на спортски/туринг гуми во вкупно 15 категории на тестови.

  • Највисок резултат во 12 од вкупно 15 тестови
  • Изведбата на влажен пат е прогласена за „феноменална“
  • Спорт-туринг гуми од најновата генерација од Dunlop




Motorrad ги тестираше сите гуми и на пат и на тест патека, користејќи BMW R1250R. Dunlop RoadSmart IV постигна врвен рејтинг во 12 од 15-те тестови, вклучувајќи го и тестот за управување во услови на вода.

 

„Гумата дава феноменални перформанси! Силниот зафат на влажен асфалт се чувствува уште од првиот метар, а особено во кривините. Тоа на возачот му дава исклучително висока доверба“, изјави Motorrad во своето резиме за перформансите на Dunlop RoadSmart IV.

Побарај понуда за димензијата на твојот мотор

За тестот беше искористена GT-верзијата на RoadSmart IV, при што нејзината конструкција се покажа како полн погодок за BMW. „Dunlop исто така убедува со својата многу стабилна GT верзија, покажувајќи импресивна прецизност на управувањето. Сè на сè, импресионира со одличните избалансирани перформанси на влажни и суви коловози“.


Овој резултат за RoadSmart IV ја нагласува целта на Dunlop да обезбеди совршена рамнотежа на извонредни перформанси на суво и исклучително држење на влажно, стабилно ракување и постојани перформанси дури и после неколку илјади километри.

Види ја понудата на Dunlop патнички летни гуми за автомобили