Превземено од https://automedia.mk/objavi/test-zimski-gumi-adac-24y-215-17/
Што е тоа што посебно се бара од една зимска гума? Одговорот е јасен: Таа мора да нуди висока безбедност во возењето во зимски услови на патот.
Од зимските гуми не се бара само да бидат добри на снег, туку и на мраз и на дожд.
Клубот ADAC ги бараше најдобрите гуми за компактни СУВ и лимузини од средна класа. Разликите се големи.
- 16 гуми со димензија 215/55 Р 17 В на тест во клубот ADAC
- Не решаваат само зимските својства
- 3 модели добија оцена многу добро, 7 се добри, 3 се доволни и 3 се недоволни
АДАК сепак бара многу повеќе. Не е доволно гумите да поседуваат само добри зимски својства, освен ако цела зима не се вози само по снег, мраз и раскашавен снег. Најголемиот број возачи во зима сепак возат по сув или по мокар пат. Затоа е важно зимските гуми да не покажуваат слабости во такви услови на возење.
Три гуми со оцена многу добро
На врвот на табелата се најдоа три зимски гуми, што го минаа тестирањето на зимски гуми за 2024 година со оцена многу добро. Нивните предности се во деталите. Победничката на тестот, Goodyear Ultra Grip Performance 3 и второпласираната Dunlop Winter Sport 5 се мошне хармонично проектирани и оставаат одличен впечаток и на сув и на влажен пат, како и на снег и мраз. Овие два модели добија оцена 2,1 за безбедноста.
Види ги сите зимски гуми со димензија 215/55 R17
Поради тоа што Goodyear понесе победа и при оценувањето на поволноста за животната средина (таа учествува со 30 проценти во крајната оцена), тие си обезбедија победа со вкупна оцена 2,0. Предвидената трајност дури е оценета со одлично, а за трошењето е доделена оцена многу добро. Тежината на гумите и влијанието врз потрошувачката исто така се незначителни. Goodyear Ultra Grip Performance 3 е една од двете гуми, што се за повеќе од 10% полесни од просекот од сите гуми на тестот.
На трето место е Vredestein Wintertrac Pro со оцена 2,4, што ја заслужи со посебно добрите својства во зимски услови, но на сув и на влажен пат, како и во поглед на животната средина, не ги достигнува двата конкуренти.
Гуми од средината на понудата што заслужуваат препорака
Може да биде корисно ако се погледнат и зимските гуми со просечна оцена. Според мислењата на професионалците за тестирање гуми на ADAC, седум гуми со оцена меѓу 2,6 (Semperit Speed Grip 5 и Hankook Winter i-cept RS3) и 3,3 (Firestone Winterhawk 4) исто така се вредни за препорака и може да бидат добра замена. Меѓу нив се најде и Continental Winter Contact TS 870 P. Кај ниту една од гумите со оцена добро не треба да се очекуваат непријатни изненадувања. Разликата е единствено во тоа, што точно очекува возачот.
Добри зимски својства поседуваат сите гуми во средината на пазарната понуда, со мали отстапки кај Giti Winter W2 (оцена 3,1). Заедно со Yokohama BluEarth Winter V906 и Firestone Winterhawk 4, во главните критериуми за безбедност во возење и еколошки биланс, добиена е оцена добро.
Види ги сите зимски гуми тука
Без препорака за гумите со оцена доволно
Во конечниот пласман следат три гуми што не успеаја да освојат оцена добро. Viking WinTech (3,6),Kumho WinterCraft WP52 и Maxxis Premitra Snow WP6, пропуштија да освојат повисока оцена, поради тоа што сите три покажаа слабости на сув пат. Иако нивната издржливост е пристојна, тоа не може да надомести за слабостите во безбедноста. Поради тоа, трите гуми останаа без препорака.
За кои модели на автомобили одговараат зимски гуми со димензија 215/55 R17
Тестираната големина 215/55 R17 одговара за голем број модели од средната класа и компактни СУВ. Од Ауди Ку 2, Киа Ниро и Опел Инсигниа, до Сеат Атека, Шкода Суперб, Тојота Јарис Крос, Фолксваген Т-Рок и Фолксваген Тигуан, тоа е мошне широк дијапазон.
Извор: https://automedia.mk/objavi/test-zimski-gumi-adac-24y-215-17/
Прочитај повеќе натписи од автоиндустријата