Goodyear и Dunlop добиваат врвна класификација, додека Fulda и Sava се рангирани високо пред кокурентите од економската класа на брендови
1-во, 2-ро и 3то место се доделени на брендовите на групацијата Goodyear! Сите зимски гуми на Goodyear импресионираа на најновиот тест за зимски пневматици на ADAC, кој е еден од најсеопфатните од ваков вид во Европа.
ADAC е најголема автомобилска асоцијација во Европа. Во својот последен тест од септември 2023, споредува 32 брендови на зимски гуми, од кои 16 во популарните димензии 205/60 R16 и 225/45 R17.
Зимските гуми на Goodyear го освоија подиумот на ADAC
Најновиот тест на ADAC ги открива не само одличните избалансирани перформанси, туку и одличната ефикасност на зимските гуми Goodyear, UltraGrip 9+ и UltraGrip Performance+.
Постигнувајќи второ место, UltraGrip Performance+ има извонредни перформанси на тестот во димензија 17". Експертите на ADAC ги издвоија неговите силни страни:
- Карактеристики за безбедно ракување на суви патишта,
- добри својства на влажни патишта,
- многу голема предвидена километража,
- мала абење,
- добра ефикасност.
Во исто време, Goodyear UltraGrip 9+ завршува на третото место во споредбата во димензија 16". Експертите ја рангираат гумата број еден за ефикасноста и ги фалат нејзините силни страни:
- Карактеристики за безбедно ракување на суви површини на коловозот,
- добри перформанси на влажни патишта,
- голема предвидена километража,
- најдобра ефикасност на тестот.
Двете зимски гуми нудат технологија Goodyear Mileage Plus и Winter Grip кои обезбедуваат зголемена километража, како и извонредно држење на снежни и замрзнати патишта.
Dunlop Winter Sport 5 го зазема првото место
Најголем успех на тестот постигна Dunlop Winter Sport 5, кој е рангиран на првото место за димензија 16" и на четвртото место за диемнзија 17".
Експертите на ADAC ги фалат карактеристиките на гумата:
- Балансирана гума,
- прецизни и безбедни перформанси на суви патишта,
- безбедни карактеристики на влажни патишта,
- голема предвидена километража,
- мала тежина и потрошувачка на гориво.
Види ги сите зимски гуми Dunlop
Опсегот на иновативни карактеристики на Dunlop вклучува зголемен број на блокови на шарите што обезбедуваат дополнителна стабилност, супериорна влечна сила и одлични перформанси на снег. Со тоа, овие зимски гуми имааѕ водечки перформанси во индустријата.
Гумите Fulda и Sava покажуваат убедливи перформанси
Дополнително, брендовите од групацијата Goodyear кои се од економскиот сегмент ги воодушевија експертите на ADAC, означувајќи ги двете гуми со висока оценка „задоволителни“. Во тестот од 17", Sava Eskimo HP2 се рангираше високо и е награден за неговите силни страни:
- Безбедни својства на зимски патишта,
- голема предвидена километража,
- мало абење,
- многу мала тежина,
- најниска потрошувачка на гориво на тестот.
Види ги сите зимски гуми Sava
Во меѓувреме, Fulda Kristall Control HP2 е рангирана високо во димензија 16", пофален за неговите силни страни:
- Прецизни и безбедни перформанси на суви патишта,
- најголема предвидена километража,
- мало абење,
- натпросечно мала тежина,
- мала потрошувачка на гориво.
Види ги сите зимски гуми Fulda
Лоран Колантонио, постар директор за патнички гуми со технологија EMEA Goodyear, коментира за успехот на тестот: „Среќни сме што четири наши брендови се препознаени во еден од најтемелните и најпрестижните европски тестови за зимски пневматици. Успехот на овие производи е доказ за иновативноста и посветеноста на Goodyear на перформансите. Секој бренд има корист од стремежот кон иновации, што значи дека Goodyear има одлично портфолио на зимски гуми на пазарот“.
Прочитај повеќе натписи од автоиндустријата
Почнувајќи од 15.10.2023 година, за секој купен сет зимски гуми или гуми за сите сезони, Goodyear ви подарува брендиран дуксер од лимитираната колекција со дизајнерски потпис. Акцијата се однесува на Goodyear пневматици со димензии 16" и поголеми и трае до потрошување на залихите на подароците.