Letni gumi, pnevmatici, promena na gumi, Pirelli, tires

Времето е променливо, но ектремните топлини само што не пристигнале. СЕГА е вистинско време е да ги смените гумите! Не само затоа што тоа го бара законот во различни европски земји, туку уште поважно, од безбедносни и економски причини.

Кога е вистинско време да се променат зимските со летни гуми? 

Вреди да се потсетиме дека кога температурата се искачува над 15°, зимските гуми забележуваат вистински пад на перформансите. Тоа е затоа што овие гуми се дизајнирани за подобри изведби на пониски температури. Стисокот при свиоци е многу помалку ефикасен на потопла коловозна површина, делумно поради поголемите жлебови и подебелите слоеви на шарата на гумите. Станува збор за безбедност, но и за поголемо уживање и возење.

Разгледај ја целата понуда на летни авто гуми 

Одржувањето на зимските гуми на потопло време значи дека губите и во однос на прецизноста на возењето, со негативни ефекти врз динамичкото однесување на автомобилот, особено во екстремни ситуации како што е маневар за итен случај. При вртење, помекото рамо на зимските гуми - и широките жлебови - го нагласуваат дрифтот на автомобилот, што ја зголемува веројатноста за потешко управување при одење во свиок, како и странично влечење на автомобилот.

summer winter tires

Овде не станува збор само за мали промени кои само тест возачите и експертите би можеле да ги забележат. Дури и обичните возачи, особено на се попопуларните теренци и кросовери, лесно ќе можат да ја забележат разликата во однос на динамиката на автомобилот. SUV возилата, со нивниот висок центар на гравитација, во комбинација со повисокото рамо на гумите - кои при свиоци се потпираат на надворешноста на тркалата - ставаат посебен стрес на зимските гуми, кои мораат да соодветстуваат со надворешните температури и температурите на патот кои во голема мера се разликуваат од нивниот оптимален опсег на употреба.

Разгледај ја целата понуда на летни СУВ гуми

Истото важи и за сопирањето, при што растојанието за сопирање се продолжува пропорционално на зголемувањето на температурата: колку е повисока температурата, толку е поголема празнината во метри потребна за да се запре автомобилот со зимски гуми отколку со летните гуми. 



Зимските гуми со нивната помека, поиздржлива смеса се дизајнирани да обезбедат подобро држење на влажни, снежни или ледени површини, а исто така ќе се трошат многу побрзо ако се користат во временски услови „вон сезона“. Значи, како што навестивме на почетокот, станува збор за заштеда на пари, како и за безбедност и возење: менувањето на гумите во вистинско време значи дека можете да го продолжите животниот век на двата сета (летни и зимски гуми). Со тоа ја обезбедувате квашата безбедност, како и на вашите патници и другите учесници во сообраќајот.

Прочитај новости од автоиндустријата  

winter summer tires