Пнеуматик е официјален увозник на сите најдобро рангирани брендови на пневматици. Сите победници на тестовите на ADAC, AutoBild, TireReviewes и други реномирани независни институции, можете да ги најдете единствено во салоните на Пнеуматик по најдобри цени.
215/55 R17 Winter tire test 2022
Оваа зимска сезона, AutoBild тестираше 19 брендови на гуми во димензија 215/55 R17 на возило VW Passat.
Петте победници во оваа категорија се:
- Michelin Alpin 6
- Pirelli Cinturato Winter 2
- GoodYear UltraGrip Performance+
- Dunlop Winter Sport 5
- Cooper Discoverer winter
Сите пет победници се ексклузивно достапни во салоните на Пнеуматик!
Погледни ја целата понуда за 215/55 R17 од сите брендови
215/60 R16 ADAC Winter tire test
Снег, мраз, влажно или суво и студено време - Кој може најдобро да ги совлада различните услови во студената сезона? 17 актуелни зимски гуми беа подложени на тестотовите на ADAC во димензија 215/60 R16.
- Dunlop, Goodyear и Michelin се во првите редови
- Одлични функционалности на снег и мраз
- Сигурен зафат на влажни и суви коловози
Види ја целата понуда за 215/60 R16
Годинешната тест големина 215/60 во класата со брзина H (до 210 km/h) е една од најпродаваните во сегментот на зимски гуми. Одговара на многу теренци од пониската средна класа, од Audi Q3 до VW T-Roc. Тест возилото на ADAC беше Шкода Карок.
Наградени со најдобра оценка се:
- Dunlop Wintersport 5,
- Goodyear Ultragrip Performance+ и
- Michelin Alpin 6.
И сите три се достапни во салоните на Пнеуматик по ексклузивни цени!
Прашај за цена! Побарај понуда!
Овие три брендови се издвојуваат од другите затоа што имаат многу добри перформанси во сите главни критериуми и поставуваат поинакви приоритети.
Dunlop има свои предности на влажни, снежни и замрзнати патишта. Goodyear го поставува рекордот на снег. Michelin пак ја отфрла вообичаената врвна вредност во однос на абењето, тој добива поени на суви патишта и на мраз.
Во оваа димензија 215/60 R16 се истакнува и Sava Eskimo hp 2 со оценка “задоволителна”. Поради добрите својства на суво, снег и мраз, како и највисоката предвидена километража на тестот, пресудата на ADAC за Sava Eskimo hp2 е „препорачана“.
185/65 R15 ADAC Winter tire test
Правилното држење на снег, мраз и влажен пат е од витално значење во студената сезона - а тоа го нудат само зимските гуми препорачани од ADAC. Но, која е најдобрата? 16 актуелни гуми за мали автомобили на тестот ADAC во димензија 185/65 R15.
- Goodyear и Michelin се во првите редови
- Широк опсег на перформанси со мали индивидуални слабости
Тестираната димензија 185/65 R15 во класата со брзина 88 T (до 190 km/h) е широко распространета кај популарните мали автомобили од Audi A1 до Opel Corsa. За тестот за зимски пневматици во 2022 година, беа испитани 16 модели од оваа големина на тест возилото VW Polo. Целокупниот резултат е мешан.
Goodyear Ultragrip 9+ и Michelin Alpin 6 се препорачани од експертите на ADAC без никаква резерва. И двете покажуваат одлични резултати во сите главни критериуми. А сепак вреди да се погледнат деталните проценки, бидејќи тие се издвојуваат во сосем мали нијанси.
Погледни ја целата понуда за димензија 185/65 R15 од сите брендови
Овој пат TS 870 од Continental не импресионира со врвните оценки. Goodyear, од друга страна, го поставува реперот на влажните патишта, а Michelin јасно постигнува резултати во однос на абењето. И двата модели се одличен избор за зимски гуми со димензија 185/65 R15.
Пнеуматик е официјален увозник на најдобрите брендови според ADAC.
225/50 R17 ADAC Winter tire test
Правилно држење на снег, мраз и влажен пат е од витално значење во студената сезона. А тоа го нудат само зимските гуми препорачани од експертите. Но, кои се најдобрите зимски гуми? 18 актуелни гуми за автомобили од средна класа беа подложени на ригорозните тестови ADAC во димензија 225/50 R17.
- Dunlop, Michelin и Goodyear се во првите редови
- Широк опсег на перформанси со мали индивидуални разлики
Тестираната големина 225/50 R17 со класа на брзина V (до 240 км/ч) е широко распространета кај возилата од средна класа како што се Audi A4 или BMW Серија 3. На тестот за зимски пневматици, беа испитани 18 модели на гуми од оваа големина. ADAC oсобено препорачува три брендови на гуми, а за широкиот среден сегмент со тринаесет други брендови на гуми, ADAC истакнува дека имаат помалку задоволителни функционалности.
Сите победнички брендови се достапни во салоните на Пнеуматик.
Прашај и добиј најдобра цена!
Dunlop Wintersport 5, Michelin Alpin 6 и Goodyear UltraGrip Performance + се препорачани од ADAC без никаква резерва. Сите три даваат многу добри резултати во сите главни критериуми, па затоа се многу избалансирани во перформансите кои ги нудат. Dunlop успева да го постави рекордот на снег, во комбинација со најниската потрошувачка на гориво од врвната тројка. Michelin, од друга страна, традиционално покажува најмалку абење и во оваа димензија вози малку подобро на суви и влажни коловози. А Goodyear пак, се истакнува со добри резултати во сите тестирани категории, со што се поставува некаде на средината меѓу победниците.
195/65 R15 ADAC Winter tire test
Снег, мраз, влажно или суво и ладно време - Кој може најдобро да ги совлада различните услови во студената сезона? 16 актуелни гуми за автомобили од пониска средна класа беа вклучени во тестот на ADAC за димензија 195/65 R15.
- Dunlop, Goodyear и Michelin се во првите редови
- Одлична функционалност на снег и мраз
И покрај тоа што разновидноста и големината на димензиите на гумите на новите возила постојано се менуваат, овогодинешната тестирана големина 195/65 R15 во класата на брзина Т (до 190 km/h) сè уште е една од најпродаваните, барем во сегментот зимски пневматици. Одговара на возила од пониска средна класа, како што се Opel Astra или VW Golf.
Трите зимски гуми во оваа димензија кои ја добија посакуваната оцена на ADAC се моделите Dunlop Winter Response 2, Goodyear UltraGrip 9+ и Michelin Alpin 6. Тие се наградени со најдобра оценка бидејќи се многу избалансирани во сите главни критериуми.
Пнеуматик е официјален увозник на сите три победнички брендови на гуми.
Погледни ја целата понуда за 195/65 R15 од сите брендови!
Браќа Dunlop и GoodYear убедуваат со добар настап на суво, особено на снежните падини. Додека Dunlop Winter Response 2 ја оптимизира економичноста на горивото, Goodyear UltraGrip 9+ ги подобрува перформансите на влажно и на мраз. Michelin Alpin 6 традиционално постигнува добри резултати кога станува збор за потрошувачка, но овојпат ги покажува и најдобрите перформанси на суви патишта.