Dunlop низ историјата на пневматиците

Уште на самиот почеток, идеата на Dunlop била премногу очигледна - да се овоможи на сите возачи да имаат удобно и безгрижно патување со нивните автомобили.

Историјата на пневматската гума започна еден ден во 1888 година кога Шкотланѓанецот Џон Бојд Данлоп дошол до идеја да обвитка гумена цевка надуена со воздух околу бандажите на тркалата на трициклот на неговиот син. И така се роди „лесната“ гума - изум создаден за потребите на детската игра што требаше да го револуционизира транспортот и да ги постави темелите на една голема производствена компанија.

Ти требаат DUNLOP зимски гуми? Погледни ги сите тука!

Во 1889 година, Dunlop ја отвори својата прва фабрика за гуми за автомобили во Даблин и првата фабрика во Бирмингем само две години подоцна. Оттаму, растот на Dunlop од пионер до успешна мултинационална корпорација беше брз.

Потоа, Dunlop воспоставува активности во Германија, Франција, Канада, Австралија, САД и производствени капацитети низ целиот свет. Ја отвора и првата јапонска фабрика за гуми во Кобе. Под нивно раководство, компанијата се покажа како пионер во технологијата и бизнисот.

120 години подоцна, Dunlop е еден од најголемите светски прозиводители и иноватори на нови гуми за секакви видови на возила.

Види ги сите DUNLOP летни гуми!