Земјоделски и индустриски пневматици

Без разлика дали станува збор за опремување на натоварувачи, ровокопачи, багери, виљушкари, кранови, опслужувачи на контејнери, или пак терминални влекачи – со своето големото портфолио на производи, БKT на сите ќе може да им излезе во пресрет со адекватна понуда на најсовремени видови пневматици.

Актуелно го живееме времето на четвртата индустриска револуција во која драматични промени доживуваат сите гранки, од комуникациите и технологијата па се до логистиката и машинството. Во позадина на овој развој, како поддршка, секогаш стои гумарската индустрија, во која пак индиски БKT, нуди широк спектар на сериски и посебно изработени производи, и тоа за најразлични индустриски апликации.

Погледни ги сите гуми за земјоделска механизација ТУКА!

За помалку упатените, комапнијата Balkrishna Industries Limited (или накратко BKT) е една од најстарите индустриски групации во Индија чии бизнис активности датираат уште од 1954 година, односно веднаш по стекнување на независноста.

Како посебна единица, гумарската секција на компанијата се формира во 1987 година,период од кој БKT силно се фокусира на производство на пневматици за вон-асфалтна намена. Во широкиот асортиман на индискиот водечки производител се вклучени наменски производи за машини за земјоделие, градежништво и индустриски машини како и специјализирани производи за померување на терен, рудници, пристаништа и за апликации во градинарството.

Разгледај ги сите гуми за трактор ТУКА!

Во меѓувреме компанијата, која вработува над 7.000 луѓе станува една од најбрзо растечките светски производители на вонасфалтни пневматици.

Иако седиштето на БKT е во Мумбаи, таа има и директни претставништва во Европа, Канада и САД кои успешно асистараат во продажбата, но исто така и во анализа на потребите на пазарот како и во развојот на нови производи. Присутноста на компанијата во над 160 земји од сите континенти, преку специјализирани дилери и партнери, јасно ги одразува потенцијалите и амбициите на индискиот производител.       

Погледни ги сите гуми за приколици ТУКА!                                                                    

Пневматици за индустриските 4.0 апликации

Очекувањата на корисниците на вон-асфалтните пневматици се екстремни, исто како и машините за кои се наменети. И згора на тоа тие очекуваат инвестициите во добри пневматици бргу да им бидат исплатливи. Имајќи го тоа предвид БKT развива широк спектар на гуми наменети за најразлични сериски и специјални машини кои ги пласира под своите подбрендови.

За повеќе информации и конкретна понуда:
078-268-030 - Пнеуматик Скопје
078-366-776 - Пнеуматик Битола

Како примери можат да послужат сериите MULTIMAX, PORTMAX, AIROMAX и EARTHMAX.

Пневматиците од MULTIMAX серијата доаѓаат во разни шари, а заедничко за сите е одличната снаодливост на разни терени. Овие пневматици се првенствено наменети за компактни натоварувачи, багери, разни рачно управувани машини како и на машини наменети за оддржување на општините.

Од друга страна пневматиците од PORTMAX серијата првенствено се наменети за логистичка поддршка поврзана со пристанишните апликации. Силни и стабилни, овие пневматици можат да се справат со тешки работни услови при што поднесуваат и големи тежински оптеретувања. Најновиот член на ова семејство е PORTMAX PT 93, пневматик специјално наменет за терминалните влекачи. Тој работи при најтешки оптеретувања во пристанишата и центрите за логистика, со што само се потврдува високата стабилност при екстремни оптеретувања.

БKT во својата понуда ја вклучува и AIRMAX серијата на пневматици која првенствено е наменета за кранови кои се користат во градежништвото. Поради постојаната изложеност на стресни удари како и поради употребата на лоши терени по градилиштата, овие гуми се конструирани со посебен акцент на топлинска издржливост. Поради високата доверливост на Airmax при услови на подигнување на товар, овие пневматиците претставуваат одличен избор за употреба во крановите.

Најпопуларната радијална гума на БKT без никакви дилеми припаѓа на EARTHMAX серијата. Првиот примерок е произведен во 2008 и беше наменет за помалите натоварувачи. Дизајнирана за да издржи работа во каменоломи, рудници и градилишта, таа е идеална за монтирање во дампери, грејдери, натоварувачи, дозери и разместување товар во депониите. Вкупно 25 различни модели и големини, вклучувајќи ги тука и гигантските димензии, се ставаат на располагање на бројните клиенти. 


За повеќе информации и конкретна понуда:


078-268-030 - Пнеуматик Скопје
078-366-776 - Пнеуматик Битола