Зимски или all-season пневматици?!

За да одредите кои гуми би биле најсоодветни за вашето возило, морате да ги земете предвид временските услови и условите на патот каде што најчесто возите. 

Гумите за сите сезони се направени за тивко возење и добра потрошувачка на горивото. Тие нудат широк спектар на перформанси и добро се однесуваат во различни услови на возење, вклучувајќи влажни коловози и лесно зимско возење. Сепак, со пневматиците за сите сезони нема да ги добиете највисоките перформанси на вашето возило и нема да може да се справите со екстремните зимски услови како возење на мраз или обилен снег.

Зимските гуми се многу важни во областите во кои возачите се соочуваат со екстремни услови за возење. Зимските гуми најдобро функционираат во овие услови поради нивните уникатни карактеристики: соединение на шарите, длабочина на шарите и рабовите за “гризење”. Гумените соединенија на шарите на зимските гуми се дизајнирани да останат флексибилни, што овозможува гумата подобро да го зафати патот. Со оглед на тоа што гумата на шарите на “all-season” гумите се стврднува кога температурата паѓа под 7 степени, тие не можат да ја обезбедат истата влечна сила како зимските гуми.


Длабочините на шарите на зимските гуми се многу подлабоки и имаат уникатни модели на шарите. Ова е корисно за возење по снег бидејќи го намалува количеството на насобран снег и му дава на вашето возило многу подобра тракција на снегот. Бројот на рабовите за “загризување” е зголемен кај зимските гуми, што значи дека има илјадници мали процепи во шарата на гумата за да се обезбеди подобра тракција на мраз.

Доколку одлучите дека на вашето возило му се потребни зимски гуми, задолжително монтирајте сет од 4 гуми. Само менувањето на двете предни гуми ќе ги зголеми шансите за пролизгување на задните гуми, а само менувањето на задните две гуми ќе ги зголеми шансите предните гуми да ја изгубат влечната сила.