Годинава тимот на Пнеуматик тестираше 16 зимски гуми во димензијата 165/70 R14 наменета за класата на градски возила. Резултатите од тестот важат и за двете соседни димензии, „175“ и „155“. Тестирањето беше извршено на различен тип на патишта (градски улици и автопати), во различни временски услови (снег, голомразица, дожд, сув пат), во период од 22.02.2017 – 05.03.2017 година, од страна на вработени во услужниот сектор на Пнеуматик, а со цел подобро запознавање со перформансите на пневматиците за нивна полесна продажба и информирање на потенцијалните купувачи.
Ова се клучните забелешки од тестирањето
Покрај трите тестирани зимски гуми со оценка многу добро, најмногу модели на гуми добија оцена добро, еден модел го заврши тестирањето со оцена доволно, но имаше и три модели на гуми за коишто тимот не може да даде каква било препорака и ги оцени со недоволно.
Три модели на зимски гуми добија оцена многу добро на тестирањето.
Три модели на зимски гуми добија оцена „многу добро“ на тестирањето.
Најдобрите три модели на зимски гуми, кои се оценети со многу добро, се одликуваат со изедначени својства во сите критериуми на тестот и не покажуваат слабости. Меѓу победничките гуми постојат само незначителни разлики. Goodyear UltraGrip 9 покажа најдобри својства на влажна подлога, додека Michelin Alpin A4, како што и се очекуваше, издржува најдолга километража. Dunlop Winter Response 2 освои најмногу бодови со одличните резултати на снег и на мраз. Покрај тоа, автомобил опремен со овие гуми ќе потроши најмалку гориво.
Шестте нови модели на зимски гуми што добија оцена добро, првенствено покажуваат мали до значајни слабости на влажна подлога. Причината за тоа што Fulda Kristall Montero овојпат не доби оцена многу добро се единствено малите слабости на влажна подлога. Continental ContiWinterContact TS850 изненади со релативно долгиот пат на сопирање на мраз и поради тоа оцената му е намалена на доволно.
Погрешно е верувањето дека зимските гуми се наменети за возење по снег. Нивната главна предност е задржување на еластичноста при ниски температури и истиснвуањето на стопениот снег со профилот на гумата.
Останатите седум модели во групата со оцена добро покажуваат слабости во два важни критериума. Кај моделите Bridgestone Blizzak LM001, Semperit Master-Grip 2, Barum Polaris 3 и Firestone Winterhawk 3 станува збор за слабости на влажна подлога и на мраз, Falken Eurowinter HS449 има мали проблеми на влажна подлога и на снег, Uniroyal MS plus 77 заостанува на сува подлога и на мраз, додека Pirelli Winter Scnowcontrol S3 се „лизна“ на сува подлога и на снег.
Најслабите модели на гуми заостануваат со својствата на влажна подлога
Оцената доволно на Matador MP54 Sibir Snow произлегува првенствено од слабите својства на влажна подлога. Пропустите во поглед на возните својства на влажна подлога беа меродавни и за оцената недоволно за моделите на гуми од Aeolus, Linglong и Mentor.
Препораки
Возачи што ценат зимски гуми со изедначени својства во сите критериуми, треба да се решат за Goodyear Ultragrip 9, Michelin Alpin A4 или Dunlop SP Winter Response 2.
За возачи што бараат првенствено добри својства на сува подлога, најмногу одговараат Michelin Alpin A4, Continental TS 850, Bridgestone Blizzak LM001 или Falken Eurowinter HS449 wählen.
Зимска гума со добри перформанси на снег и мраз е Dunlop Winter Response 2.
За возачи што внимаваат најмногу на ниска потрошувачка на гориво, најдобар избор се Dunlop SP Winter Response 2 или Goodyear Ultragrip 9.
Возачи што бараат гума која издржува најмногу километри треба да ги изберат Michelin Alpin A4.
Резултатите од тестирањето на зимските гуми со димензија 165/70 R 14 T со мали отстапувања важат и за „соседните“ големини на гуми, односно за 175/70 R 14 T, како и за ретката димензија 155/70 R 14 T.