Дистрибутер на годината - 2017

Најдобар дистрибутер за 2017

На почетокот на Февруари 2018, во Рогашка Слатина, Словенија, се одржа годишен собир на дистрибутери на Good Year Dunlop Sava Tires за земјите од Југоисточна Европа на кој беа избрани најдобрите дистрибутери за 2017 година.

ТДА Трејд се потпиша на ѕидот на славните. Со своето успешно работење преку својата дистрибутерска мрежа на високо квалификувани дилери од цела Македонија и сопствените малопродажни објекти Пнеуматик, ТДА Трејд се здоби до почесната титула Најдобар дистрибутер на Good Year Dunlop Sava Tires за 2017 година.


Компанијата ТДА Трејд е основана во далечната 1991 година како увозник и дистрибутер на гуми (пневматици) за сите видови на возила во Македонија. Во 2003 година, компанијата ТДА Трејд ја подели палетата на услуги на две различни компании, односно малопродажбата беше ребрендирана под името ПНЕУМАТИК, додека ТДА Трејд остана одговорна за големопродажба на гуми на територијата на цела Македонија. Доказ за квалитетната и успешна работа е рангирањето на компанијата во 200-те најуспешни деловни субјекти во Македонија во изминативе 15 години.

По повод 20 годишнината од купувањето на Sava Tires од страна на корпорацијата Good Year, на годишниот јубилеен собир беа поканети над 100 компании од земјите од поранешна Југославија, Албанија и Кипар. Покрај презентацијата на идните проекти на компанијата, беа презентирани и природните убавини на Словенија и незаборавната Рогашка Слатина.