zimski gumi, letni gumi, pnevmatici, pneumatik

Кога е вистинско време за промена на летните гуми со зимски гуми? 

Кога надворешните температури почнуваат да опаѓаат! При преодот од летна во зимска сезона, времето е нестабилно и температурите разлики се се почести, време е за промена на летните пневматици на вашето возило. Летните гуми на ниски температури стануваат тврди, со што комфорот може да ви стане најмал проблем во возењето. Покрај неудобноста во возењето, се зголемува и ризикот од пролизгување затоа што така крутите пневматици ја немаат способноста да се “залепат” за асфалтот и да го “зграбат” свиокот. Патот на кочење со летни пневматици во зимски услови пак, значително се зголемува.



Не чекајте го законскиот датум 15-ти Ноември за промена на вашите зимски гуми. Сторете го тоа кога температувата веќе ќе почне да опаѓа. 


Види ги сите зимски гуми за СУВ и џип!


Кога завршува сезоната на зимски гуми? 

Истото се однесува и за промена на зимски гуми со летни. Кога температурата ќе почне да се зголемува, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање. Погрешно е мислењето дека со користење на зимски гуми во текот на летото ќе заштедите пари затоа што сте купиле само еден сет на гуми. Напротив, зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво бидејќи нивниот дизајн создава поголем отпор со што се зголемува и веројатноста за оштетување на самиот пневматик. Исто така, зимските гуми се погласни од летните, особено на мазен и сув асфалт, што влијае врз удобноста на патувањето. Во суштина, ако возите зимски гуми во лето, не само што постои голема веројатност дека ќе ги потрошите побрзо и дека ќе мора да купите нови гуми во зима, туку и дека ќе платите многу повеќе за гориво отколку кога возите соодветни пневматици во соодветна сезона. 



Види ги сите зимски гуми за автомобили!