Безбедни гуми за брзина од над 300 km/h
Pirelli инсталираше нова машина за тестирање на голема брзина и сега е спремен да тестира гуми со брзина и над 300 km/h. Овој производител на премиум гуми вели дека ова му овозможува „да ја подобри безбедноста на пневматиците кај најбрзите автомобили во светот“, без разлика дали се натпреваруваат во моторспорт или возат на редовни патишта. Pirelli ја сподели веста откако ФИА објави покана за идно снабдување со гуми во Ф1.
Новата машина за тестирање на брзина од 500 km/h се наоѓа во затворен објект за тестирање во седиштето на Pirelli во Милано заедно со две веќе постоечки единици достигнуваат брзина од 370 и 450 km/h. Додека двете постари машини вообичаено се користат за тестови на гуми за патнчки автомобили, Pirelli планира новата машина првенстено да ја користи за тестирање на конкуренцијата.
„Присуството на Pirelli како снабдувач на повеќе од 350 мотоспортски настани бараше воведување на машини способни да достигнат уште поекстремни граници за сите производи кои се користат во трки или за екстремни off-road автомобили“, вели производителот на гуми. „Во овие средини, барањата за безбедност се уште построги и треба да се гарантираат со веќе докажани перформанси на тестови. Машината за тестирање на голема брзина исто така е способна да управува со екстремно висок вртежен момент и забрзување, како што се оние што се гледаат кога се тестира хиперавтомобил кој вози во кружна патека“.
Види ја целата понуда на Pirelli летни гуми за автомобили
Според Пирели, машината за тестирање на голема брзина е дизајнирана да го процени однесувањето на гумите при голема брзина и да гарантира сигурност кога гумите напредуваат во следната фаза на тестирање на отворено. „Благодарение на оваа машина, можно е да се тестираат гумите во свиоците на Autodromo di Monza или Nürburgring Nordschleife - но во симулирани услови кои се уште потешки од оние кои се сретнуваат во реалноста. Сето ова е со цел да се обезбеди квалитет на гумите во широк опсег на услови за користење, со голем степен на безбедност“.
Pirelli e нов снабдувач на гуми во Ф1 од 2025 година?
Pirelli има намера да ја користи најновата машина за тестирање на голема брзина во развојот на пневматиците за моторспорт. Со тоа, се надева дека ќе обезбеди предност при поднесување на нова понуда за снабдување на Формула 1.
Пневматиците кои ќе се користат во 2025 веќе им се познати на инжењерите на Pirelli. Големината на предните гуми ќе биде: суви 305/720-18, средни 305/725-18 и влажни 305/730-18. Големината на задните гуми ќе биде: суви 405/720-18, средни 405/725-18 и влажни 405/730-18. Одлуката дали греењето на гумите ќе се користи во намалена форма или целосно ќе се елиминира ќе биде донесена до крајот на оваа година.
Види ја целата понуда на Pirelli летни гуми за џип и off road
Гледајќи кон 2025 година, асоцијацијата за мотоспорт наведува дека со избраниот добавувач на пневматици ќе се договорат за „секои промени неопходни за промена на регулативите во 2026 година“. Се нагласува дека димензиите на гумите „може периодично да се прегледуваат за да се прилагодат на еволуцијата на автомобилот и промените во регулативата“.
Одлуката во врска со одобрените понудувачи што ќе бидат доставени до промоторите треба да пристигне на 16 јуни 2023 година. Штом ќе заврши оваа прва фаза од тендерскиот процес, ФИА ќе ги објави важечките временски рокови до фазите две и три.