Компаративните тестови помагаат при купување пневматици, а автомобилската организација ADAC на возачите им нуди јасни информации за полесна одлука. Овој месец, во чест на 50 годишнината, ADAC тестираше 50 различни брендови на летни гуми. На тест возило VW Golf 8, ADAC тстираше летни гуми со димензија 205/55 R16 - моментално најпопуларна големина на пневматици. Повеќето од гумите вклучени во овој тест се со достапни цени и во Македонија.
Најголем дел од тестираните летни гуми во оваа димензија 205/55 Р16, ADAC ги оцени како задоволителни, а само седум како лоши и воопшто неприфатливи пневматици.
Постојаното тестирање на гумите придонесе за подобрување на нивниот квалитет, но ADAC признава дека „барањата енормно се промениле“ во последниве 50-тина години. Поради ова, 30% од вкупниот резултат во секој тест на гуми на ADAC сега се однесува на фактори како што се абење на гумите, тежина и одржливо производство, со бодови кои исто така се даваат или одземаат по оценувањето на животниот циклус на гумата, почнувајќи од производство, па се до рециклирање.
Види ја целата понуда на летни гуми со димензија 205/55 R16 од премиум брендовите GoodYear, Dunlop и Michelin
БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО
Сепак, безбедноста при возење останува највисок приоритет. ADAC откри огромно и загрижувачко несовпаѓање помеѓу најдобрите и најлошите изведувачи на тестот за летни гуми за 2023 година.
Goodyear EfficientGrip Performance 2 е прогласена за „најбезбедна гума на тестот“ затоа што сопирањето од 80 km/h, тестираното возило VW Golf запре за само 34 метри. При тестирање на гумите Double Coin DC99 (рангирани на последно место), на истото возило Голф му беа потребни дури 59,3 метри за да застане. Вкупна разлика од дури 25 метри. ADAC забележува дека на местото каде што возилото опремено со Goodyear е веќе неподвижно, автомобилот опремен со гуми Double Coin сè уште се движи со 52 km/h.
ЛЕТНИ ГУМИ СО ОЦЕНА: МНОГУ ДОБРИ
Поскапите брендови од премиум сегментот Goodyear, Continental, Michelin и Bridgestone се најдоа на врвот на годишнината од тестирањето на гумите. Со тоа докажаа дека поскапата цена сепак го оправдува подобриот квалитет на овие летни пневматици.
ЛЕТНИ ГУМИ СО ОЦЕНА: ЗАДОВОЛИТЕЛНИ
Дури 21 бренд на летни гуми, вклучително и втори модели на некои премиум производители, добија „задоволителна“ оцена на истиот тест на ADAC. Повеќето летни гуми од овој сегмент не се најдоа во повисокиот сегмет само поради индивидуалните желби на возачите, а тоа значи дека во зависност од специфичните потреби и преференци на возачот, овие гуми може да понудат целосно прифатлива, но малку поевтина алтернатива.
Додека ADAC на некои гуми им даде понизок резултат поради малите слабости при влажни услови, други изгубија поени во тестирањето на еколошката рамнотежа, најмногу поради поголемото абење.
Во овој сегмент се најдоа многу од брендовите кои се достапни на нашиот пазар како Dunlop, Fulda, Pirelli, BF Goodrich, Sava, Kleber, Appolo, Toyo, па и General Tire.
ЛЕТНИ ГУМИ СО ОЦЕНА: СООДВЕТНИ
Според оцената на Michelin e.Primacy, дури и премиум производителите не можат секогаш да ги решат целите и барањата на новите потреби за гуми. Моделот e.Primacy, Мишелин го препорачува како за електрични автомобили, така и за автомобили со согорување. Тој покажува еколошки баланс со убедливи карактеристики на абење и ефикасни перформанси.
ADAC изјави дека e.Primacy ги „поставува стандардите овде“ со својот животен век од 71.500 километри и стапка на абразија од 34,8 mg/km/t (милиграм на километар по тон тежина на возилото). Сепак, неговите перформанси на влажни патишта не се ни приближно добри како оние на другата тестирана гума на Michelin Primacy 4+. Моделот e.Primacy застана по 43,7 метри при брзина од само 80 km/h и поради тоа беше оценет како „адекватен“, додека неговиот брат ADAC го оцени како „добар“.
ЛЕТНИ ГУМИ СО ОЦЕНА: НЕПРИФАТЛИВИ
Експертите на ADAC оцениja седум гуми како „несоодветни“ поради катастрофалните перформанси на влажни услови. Иако некои од овие гуми дадоа добри резултати во други дисциплини, сепак безбедноста на возилото во влажни услови е една од клучните криетериуми на оцена. Поради големата километража и бавното застанување на Lassa и Riken, тие не успеаја да покажат прифатливи резултати и се најдоа во групата на последно место.