Престижната германска автомобилска публикација и тестер на гуми Auto Bild, втора година по ред го наградува Goodyear со “Најдобар производител: лето 2023“. Експертите ги препознаа одличните перформанси на овие премиум летни гуми. Во текот на темелните тестови GoodYear беше спореден со некои од најпопуларните брендови на светскиот пазар на пневматици.
Auto Bild ја доделува оваа престижна награда на производителот на пневматици кој го постигнува најдобриот вкупен резултат во летната тест сезона за сите тестирани летни пневматици.
Види ја целата понуда на Goodyear летни гуми за автомобили
Експертите за тестирање пневматици ги пофалија летните гуми на Goodyear: „Премиум производителот Goodyear три пати се најде на врвот на рангирањето со најдобри резултати. Актуелните модели на гуми Eagle F1 Asymmetric 6 и EfficientGrip 2 SUV нудат убедливи динамични перформанси и одржливост како доказ за иднината“.
Но, на што се должи успехот на летните гуми на Goodyear?
Eagle F1 Asymmetric 6 е најновата гума со ултра високи перформанси (UHP) на Goodyear дизајнирана за широк спектар на автомобили, вклучувајќи ги најновите EV и SUV возила. За време на неодамнешното тестирање, Auto Bild ја опиша гумата како „одлични перформанси на влажни и суви падини, комбинирани со извонредна километража“. Пневматикот се рангираше на првото место пред 50 други летни гуми. Исто така беше прогласен за „Eco-Master“ поради неговата ефикасност.
Види ја целата понуда на GoodYear летни гуми за СУВ
Покај тоа што Goodyear беше победник на тестовите, Eagle F1 Asymmetric 6 беше и единствената гума на тестот што доби само позитивни повратни информации.
Овие летни гуми исто така се рангираа на подиумот за време на тестирањето на спортските автомобили на Auto Bild, за што доби одлична оцена за спортското и директно управување „со добри повратни информации, добро избалансирани, добри безбедносни резерви во случај на аквапланинг, кратки растојанија за сопирање на влажно и суво, тивка бучава при поминување и отпор на тркалање за заштеда на гориво“.
Во меѓувреме, SUV на Goodyear EfficientGrip 2 заработи „примерна“ (exemplary) оцена на тестот на Auto Bild Аllrad (225/65R17). Експертите коментираат дека гумата има „добро избалансирани, безбедни карактеристики на возење, добри резерви за аквапланинг, кратки растојанија за сопирање на влажно, добра способност за теренски терен и добра удобност“.
Goodyear дизајнираше нови гуми за електричен автомобил. Дознај повеќе!
Лоран Колантонио, регионален директор за технологија EMEA, Goodyear, истакна: „Среќни сме што втора година по ред сме прогласени од Auto Bild за производител на годината за летни гуми. Наградата го докажува постојаното стремење кон перформансите што ги вградуваме во секој дизајн на Goodyear. Методологијата за тестирање на Auto Bild е меѓу најтемелните во индустријата, и во однос на критериумите за изведба и според бројот на пневматици. Нашата сегашна палета на гуми се карактеризира со високо ниво на техничка извонредност и оваа награда ја нагласува способноста на нашиот тим да развива и произведува гуми кои ги оптимизираат перформансите на возилото во сите летни услови на возење“.
Goodyear ја задржа наградата за производител на годината за летни гуми Auto Bild!
Goodyear е една од најголемите светски компании за гуми. Вработува околу 74.000 луѓе и ги произведува своите производи во 57 капацитети во 23 земји во светот. Со два иновациски центри во Акрон, Охајо и Колмар-Берг, Луксембург, GoodYear се стремi да развиva најсовремени производи и услуги кои ги поставуваат стандардите за технологија и перформанси за индустријата. За повеќе информации за Goodyear и неговите производи, посетете ја официјалната страна www.goodyear.com/corporate
И во 2022, GoodYear ја освои оваа титула. Прочитај тука!