Goodyear - Најдобар Производител за 2022!

Германскиот магазин Auto Bild ја додели титулата производител на годината во областа на летните гуми на Goodyear. Новите модели на летни гуми Goodyear одушевуваат и со динамичните врвни перформанси и со издржливост ориентирана кон иднината.

Наградата следува по голем број неодамнешни победи на Goodyear во истата група списанија, вклучувајќи ги

  • Eagle F1 Asymmetric 6,
  • EfficientGrip 2 SUV,
  • EfficientGrip Performance 2.


Со оваа престижна награда, Goodyear доби дополнително признание за своите инженерски напори и технолошките достигнувања во серијата летни гуми кои покриваат различни делови на пазарот.


Патем, најновиот придонес во серијата летни гуми на Goodyear го даде Eagle F1 Asymmetric 6. Пневматикот со ултра високи перформанси (UHP), кој беше развиен за да ги исполни сите услови на патот комбинира перформанси на влажни и суви површини, ефикасност како и соодветност за употреба кај електрични автомобили.

Види ја целата понуда на Goodyear летни гуми тука

Во изданието објавено на 13 април 2022 година, водечкиот германски магазин Auto Bild му ја додели на Goodyear ласкавата титула „производител на летни гуми на годината“ и напиша дека најдобрите летни гуми доаѓаат од Goodyear. На тој начин, Auto Bild им оддаде почит на наградуваните гуми од целата палета на Goodyear, кои нудат динамични врвни перформанси на одржлив начин.

                     

Во последните две години, Goodyear исто така беше прогласен за производител на годината за гуми за сите сезони од страна на магазинот Auto Bild, со посебен фокус на гумата Vector 4Seasons Gen-3.

Види ја целата понуда за GoodYear Vector 4Seasons Gen-3