Аеродинамика и дизајн се основните начела на најновата соработка помеѓу Goodyear и препородениот бренд Lancia.
Goodyear беше избран за производител на гуми за прво вградување на новите патнички возила Lancia Pu+Ra HPE. Lancia Concept е првото концептно возило од новата ера на Lancia, автомобил со 100% електричен концепт кој ја претставува визијата на брендот во однос на дизајнот, чувството за внатрешна сигурност, одржливост, електрификација и високо напредна технологија.
Goodyear разви уникатни концептни нови гуми за автомобили
Новите пневматици вклучуваат:
- приспособен дизајн на страничните ѕидови на гумата,
- беспрекорна интеграција на обрачот на возилото со гумата,
- луксузен и врвен изглед кој одговара на концептното возило.
Страничниот ѕид на пневматиците обезбедува многу високо ниво на аеродинамични перформанси, зголемувајќи ја енергетската ефикасност. Исто така, овие авто гуми имаат специфична конструкција за да го издржат вртежниот момент на електричниот автомобил.
Види ја целата понуда на Goodyear авто гуми
Лоран Колантонио, директор на Goodyear за технологија EMEA, рече: „Оваа година Goodyear ја слави својата 125-годишнина, така што ова е фантастичен момент за партнерство со Lancia за повторното раѓање на нивниот историски бренд, со што двајца пионери од автомобилскиот свет повторно се заедно во овој момент на слава.”
Техничка експертиза на Goodyear беше клучна за произведство на беспрекорна комбинација на гуми и бандажи кои ја подобруваат енергетската ефикасност, а истовремено поради нивната естетиката, се вљубувате во нив на прв поглед.
Goodyear е избран за најдобар производител за 2023! Дознај повеќе!