МАГАЦИОНЕР

Бараме МАГАЦИОНЕР кој сака ред и има сила за акција


Дали си личност која не поднесува хаос?

Сакаш сè да е на свое место, ама и немаш проблем да преместиш нешто тешко од точка А до Б?

Имаме работа за тебе!


Што ќе правиш?

  • Ќе го организираш магацинот (да, онака како што си навикнат да ти биде сè под конец)
  • Ќе примаш и издаваш стока (гуми за секаков тип возила)
  • Ќе проверуваш состојби, ќе водиш евиденција и ќе бидеш дел од тимот што знае што значи одговорност
  • Ќе соработуваш со продавниците и ќе бидеш важен дел од процесот


Што ти нудиме?

  • Пријатна работна атмосфера (не, не е празна фраза)
  • Тим што функционира како добар мотор – кога секој си ја знае работата
  • Редовна плата и навремена исплата, без “ќе биде ли?”


Што очекуваме?

  • Одговорност и точност, сакаме луѓе на кои можеме да се потпреме
  • Физичка подготвеност – магацинот бара движење, не седење на едно место
  • Основно компјутерско знаење (за внес на податоци)
  • Желба за тимска работа и комуникација со останатите колеги


Пожелни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Пожелно е искуство во логистика и магацинско работење;
  • Одлични организациски способности;
  • Уредност, посветеност и сериозност во работата.


Ако си меѓу 25 и 45 години, сакаш динамика и ја цениш добрата организација, а притоа не ти е страв од физичка работа – ова е за тебе.

Аплицирај со кратка биографија на pneumatik@pneumatik.com.mk или само пиши ни порака „Јас сум за ова!“ 


Види ги другите отворени работни позиции тука