Кариера

Отворени работни места за следниве позиции:


1. ПРОДАВАЧ - Аеродром
2. МАГАЦИОНЕР - Аеродром

3. МАГАЦИОНЕР - Визбегово

Повеќе информации за секоја од позициите:


1. ПРОДАВАЧ, локација Пнеуматик Аеродром

Потребни квалификации:

• Завршено минимум средно образование

• Основни компјутерски способности

• Работно познавање на англиски јазик

• Пожелно е искуство во продажба

• Одлични комуникациски и преговарачки способности

• Одлични организациски способности

Одговорности:

• Директна продажба на пневматици и алуминиумски фелни за секаков тип на возила

• Подготовка и поднесување на понуди за продажба на пневматици, алуминиумски фелни

• Следење на барањата на клиентите и секојдневни контакти со нив


2. МАГАЦИОНЕР, локација Пнеуматик Аеродром

Потребни квалификации:

• Завршено минимум средно образование

• Основни компјутерски способности

• Пожелно е искуство во логистика или малопродажба

• Одлични организациски способности

Одговорности:

• Прием на робата во продажното место и соодветно складирање,

• Подготовка на робата за продажба,

• Следење на залихите во магацинот и нарачка на потребните количини


3. МАГАЦИОНЕР, локација Главен магацин Визбегово

Потребни квалификации:

• Завршено минимум средно образование

• Уредност, посветеност и сериозност во работата

• Пожелно е искуство во логистика и основни компјутерски способности

Одговорности:

• Прием, евиденција и истовар на пристигнатата роба,

• Подготовка и утовар на робата за испорака,

• Соодветно складирање на робата.


Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да пратат биографија на pneumatik@pneumatik.com.mk најдоцна до 31.08.2023. Телефонските јавувања нема да бидат земени во предвид. Само кандидатите кои ќе бидат повикани на разговор ќе бидат лично контактирани.




Blog



Постојано отворени работни позиции!
Поради постојано проширување на дејноста и отворање на нови услужно-продажни објекти, Пнеуматик е во постојана потрага по нови членови на тимот. Доколку ве привлекува динамична работна средина и сте заинтересирани за работа во нашата компанија, Вашата биографија можете да ја доставите на следната е-маил адреса pneumatik@pneumatik.com.mk.

При доставување на Вашата апликација за вработување, битно е да напоменете во кој сегмент од организацијата се гледате себе си, односно за која работна позиција сметате дека имате соодветни квалификации и афинитети (пр. продажба, комерција, администрација, финансии, сервис, итн).


Ве предупредуваме, дека согласно Законот за лични податоци, со самото доставување на апликацијата за вработување се согласувате Вашите лични податоци да бидат предмет на обработка за потребите на компанијата, при процесот на селекција на апликанти за вработување во истата.