
Бараме CALL OPERATOR што знае да зборува... и кога треба, и кога не треба
Постојано си на телефон?
Имаш талент да објасниш сè – од “како се закажува термин” до “како да се стигне до продавница”?
Сакаш работа што е динамична, а не ти одзема цела година?
Ајде, конечно искористи го тој телефонски талент за нешто корисно (и платено)!
Што ќе правиш?
- Ќе одговараш на повици од муштерии (не, не е кол центар со скрипти – ова е реална комуникација)
- Ќе проверуваш цени, достапност на гуми и сл.
- Ќе закажуваш термини и ќе ги потсетуваш клиентите за нивната нарачка или новитети
- Ќе бидеш прв контакт на компанија која функционира брзо и прецизно
Кога ќе работиш?
- Сезонска: Октомври, Ноември и Декември
- Може да се комбинира со друга работа, студии или обврски
Што очекуваме?
- Да си комуникативен/на и услужлив/а
- Да знаеш да работиш со телефон, компјутер и да не се губиш кога имаш повеќе задачи
- Да си организиран/на – клиентите сакаат информации “на лице место”, а не “ќе ви се јавиме утре”
- Да имаш позитивен став и трпеливост
Што нудиме?
- Сезонска работа со коректна плата
- Тим што знае да се поддржи
- Обука и поддршка од првиот ден
- Можност за повторна соработка секоја сезона
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование;
- Одлични комуникациски способности, љубезност и смиреност;
- Англиски и албански јазик ќе се сметаат за предност, но не и неопходност.
Аплицирај со кратка биографија на pneumatik@pneumatik.com.mk или само кажи ни зошто си ти вистинската личност за слушалката!
Види ги другите отворени работни позиции тука