Nankang vs. Michelin

Може ли еден од поевтините брендови на патнички гуми како Nankang да се претстави подобро од Michelin? Па... 

Да видиме дали врвните гуми како Мишелин вредат за својата цена кога на пазарот постојат пневматици како Нанканг кои можат да бидат прифатлива алтернатива. Ајде да ги разгледаме малку подетално.

Но, пред да навлеземе во дебата, најпрвин да ја погледнеме основната споредбена табела за овие светски производители на гуми.


Nankang Tires

Nankang е компанија за пневматици од средно ниво од Тајпеј, Тајван. Фабриката произведува различни видови на гуми во зависност од потребите на клиентите. Од гуми за сите сезони како Nankang Tires AS-1 до гуми за сите терени за ентузијасти на отворено, како што е Rollnex AT-5.

Покрај тоа, Nankang има посебно производство со сопствен и технолошко-истражувачки центар наречен Nankang Performance Tires, во кој се произведуваат иновативни пневматици за тркачки и спортски автомобили, како Nankang NS2R и Nankang AR1. Сепак, корисниците од онлајн заедниците, како што е Reddit, се согласуваат дека AR1 не е за почетници поради неговата мала тракција. Затоа пред да набавите специјализирани пневматици, секогаш прво консултирајте се со експертите на Пнеуматик кои ќе ве советуваат за најсоодветните гуми за вас.


Иако не може директно да се натпреварува со врвните титани од премиум сегментот како Michelin, Nankang завзема свој дел од пазарот на пневматици од средно ниво, каде се издвојува по извонредните перформанси во однос на останатите брендови од средната класа.

Побарај понуда за твојата димензија

Постојат два главни аспекти кои Nankang Tires секогаш се трудат да ги постигнат: управување и издржливост (handling and durability).

Што се однесува до управувањето, Nankang ги дизајнира нивните пневматици имајќи ја предвид брзата реакција. Смислено конструираните шари и оптимизираната контактна лепенка значат дека гумата може да се справи со различни површини со голема брзина.

Погледни ги сите Nankang патнички пневматици тука

За поголема издржливост, пневматиците Nankang често имаат засилени блокови на рабовите и трослојни странични ѕидови за да се одржи структурниот интегритет на гумата. Како резултат на тоа, гумите можат да се справат со груби терени без да ја изгубат формата.

Сега да преминеме на Michelin.


Michelin 

Уште од своето основање во 1889 година, Michelin ги произведе некои од најдобрите гуми на пазарот. Брендот постојано е високо рангиран помеѓу гумите од премиум сегментот, препознатлив по својата најнова технологија, извонредни перформанси на гумите, издржливост, удобност и долга гаранција.

Погледни ги сите Michelin патнички пневматици тука

Со својот широк избор на гуми, Michelin има за секого по нешто. Дополнително, тие посветуваат стотици милиони долари на истражување и развој за да ги подобрат своите пневматици.



Главни разлики помеѓу Nankang и Michelin 

Кога станува збор за разликите, тешко е да се прецизираат и споредат добрите или лошите аспекти на сите различни видови на гуми од брендовите Michelin и Nankang Tires. Затоа, за овој дел, ќе се обидеме да направиме споредба на истите типови на гуми, односно на пневматици за иста намена.

Погледни ги сите пневматици за SUV и 4x4 возила од бреновите Нанканг и Мишелин

Способност за запирање и управување

Способноста за запирање и управување е меѓу најважните аспекти на возењето. Од гумите се очекува да сопрат по волја на возачот, истовремено одржувајќи ја стабилноста на возилото, што ги намалува шансите за сообраќајни несреќи, особено на влажни лизгави коловози.

Така, кога станува збор за овој критериум, ќе споредиме две летни гуми, Michelin Primacy 4 и Nankang AS1.

*Суво сопирање и управување

За време на тестирањето, прилично пријатно изненадување предизвика Nankang AS1 кој беше речиси на исто ниво со Michelin Primacy 4 во растојанието за сопирање. Двете гуми се покажаа исклучително добро, при што Primacy 4 запре само малку (3 метри) пократко од AS1.

Меѓутоа, кога станува збор за управувањето, маневрирањето со Nankang AS1 беше малку нејасно - времето на доцнење беше скоро 2 секунди подолго од Michelin Primacy 4.

*Влажно сопирање и управување

За жал, ова е критериумот каде се бележат најголеми разлики. Michelin Primacy 4 го надмина Nankang AS1 со нешто помалку од 10 метри растојание за сопирање и 3 секунди непрецизно ракување.

Иако очекувавме дека Primacy 4 е подобра гума, сепак не очекувавме дека резултатите ќе бидат толку блиски.



Животниот век на гумите

Во однос на животниот век, Michelin далеку ги надминува гумите Nankang. Додека производите од францускиот бренд можат со сигурност да останат во добра состојба 45.000-85.000 милји (73.000-130.000 километри), гумите на Nankang можат да издржат 40.000 милји - најмногу 50.000 милји (65.000-80.000 километри.


Гаранција

Гаранцијата на Michelin за километражата се движи околу 30.000, во зависност од моделот што го имате.

Пневматиците Nankang не доаѓаат со гаранција за километражата, но нудат неограничена гаранција за надворешни оштетувања како доказ за извонредниот квалитет.


Побарај понуда за твојата димензија


Цена на гуми

Што се однесува до ценовниот опсег, гумите Michelin се движат од 100-650 евра, во зависност од димензијата и моделот на гумата. Сепак, има некои гуми со ултра високи перформанси кои може да чинат уште повеќе.

Што се однесува до пневматиците од брендот Nankang, нивните цени имаат тенденција да бидат многу пониски, од 50 до максимум 200 евра бидејќи истите се вбројуваат во средниот сегмет на пневматици.




Извор: https://www.ppmc-transport.org/nankang-tires-vs-michelin/