Пнеуматик Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во склад со долунаведените услови на користење. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.pneumatik.mk Се смета дека корисниците се запознаени со овие услови доколку користат било кој дел од овој веб портал, како и дека прифаќаат дека користење на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА
Продавница за гуми Пнеуматик ТП - Скопје
Адреса: “Теодосиј Гологанов” бр.120, Скопје
Тел: 02/5111-777
e-mail: pneumatiк@pneumatik.com.mk
WEB: www.pneumatik.mk
ЕМБС: 5734126
ЕДБ: 5030003221789
Шифра на дејност: 45.31 трговија на мало со делови и прибор за моторни возила
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.
Општи одредби
Пнеуматик ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
Пнеуматик може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.pneumatik.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.
Пнеуматик не сака од Вас да добива доверливи или други информации. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа веб страна нема да се сметаат за доверливи и со нив ќе може слободно да се располага.
Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци (адреса за испорака, контакт телефон, банка, број на платечна картичка и слично). Нив, согласно Законот за заштита на лични податоци и согласно нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Врски (линкови) кон други веб локации
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви го олеснат пребарувањето. Пнеуматик не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.
КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА
Креирање на налог
За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци.
Избор на производи
На почеток на секоја страница се наоѓа мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите (од паѓачкото мени горе или пак понудените категории најпродавани, најпопуларни и сл.) ќе се отвори страна со набројани производи. Исто така, доколку кликнете на одреден производ, страната автоматски ќе ви генерира слични производи или производи кои другите посетители ги пребарувале.
Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Кога ќе го најдете производот кој ве интересира, со притискање на полето "Додади во кошничка" ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата корпа. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во корпа или пак едноставно да ја зголемите количината.
Содржина на корпата
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите, а сте ги ставиле во вашата кошничка. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.
Нарачување на производи од корпата
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните чекори да одберете метод на испорака, адреса на испорака и начин на плаќање. На оваа страница потребно е да оставите ваши точни информации за контакт (телефон и e-mail) со цел нашите продажни асистенти да можат да ве контактираат. Доколку се одлучите за плакање во готово, едноставно треба да притиснете на копчето “Нарачај” и вашата нарачка е завршена. Доколку одберете да платите веднаш со валидна платежна картичка, страната ќе ве пренасочи кон веб страната на Стопанска банка за безбедно интернет плаќање. Со пополнување на овие податоци го завршувате на купувањето.
Достава
Откако добивте потврда за креирана нарачка на e-mail, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе бидете исконтактирани по телефон од првиот слободен продажен асистент, а потоа нарачката ќе ви биде испратена на достава.
Рокот на испорака е 3 работни дена во Скопје или 15 работни денови во други градови низ Македонија. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време корисничката поддршка на нашиот online shop е од 8 до 16 часот од понеделник до петок.
Доколку сте одбрале производот да го превземете преку курир, очекувајте да бидете контактирани од нашите соработници. Доколку и по вториот обид за достава курирот не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.
РЕКЛАМАЦИИ
Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме веднаш да не контактирате телефонски на бројот 078-366-566 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата pneumatik@pneumatik.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператоти ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или употребуван, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со ваша изјава за рекламација треба да го пратите на адресата pneumatik@pneumatik.com.mk
ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, e-mail адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Пнеуматик се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности.
При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на Casys системот. Безбедностa на податоците при онлине купување, ја гарантира АД Стопанска Банка, така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Во ниту еден момент кредитна картичка и податоците од неа не се достапни на нашиот систем.
ПОВРАТ НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Пнеуматик има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку банкарска трансакција, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.