Sailun, tovarni gumi, gumi za kamion, gumi, pnevmatici

Го имаме рекордерот во издржливост!

Поминати 400.000 километри и гумите се се уште во одлична состојба.



За своето лично искуство ни раскажа г-динот Панчо Тасев, возач во Боми10, една од најголемите транспортни шпедиции во Македонија.

“Возам за една од најголемите и најуспешни транспортни фирми во Македонија, а и пошироко. Возам Sailun гуми на мојот камион. Бев скептичен кога за прв пат ни ги понудија Sailun гумите за камиони и приколки. Сепак се одлучивме поради одличните препораки, цената и секако поради TUV сертификатот. Првите гуми со димензија 385/55 R22,5 ги ставив во 2018 година и оттогаш со истите имам поминато точно 400.000 километри."

Те интересира цена? Побарај на 078-366-166

"Бидејќи возам тежок и кршлив товар, најважна ми е сигурноста на камионската приколка. Со гумите Sailun можам да кажам дека вибрациите се сведени на минимум, приколката не се тресе и товарот е постабилен. Во кривини се чувствува поголема прилепеност на патот, не занесува приколката. А фактот што поминав 400.000км низ цела Европа за неполни 4 години, и гумите ниту еднаш не ме изневерија, се само уште една потврда за нивниот квалитет и долготрајност. Дефинитивно и во иднина мојата одлука ќе биде Sailun.

На сите професионални шофери искрено им ги препорачувам овие гуми за камиони и приколки. Ќе заштедат на долг рок затоа што гумите се издржливи и штедат многу горивото што во овие времиња е една од најбитните работи.“

Дали знаеш дека Sailun е единствениот кинески производител на гуми кои ги задоволува највисоките германски стандарди за квалитет TÜV SÜD?

Прочитај повеќе за TÜV на следниот линк!