Пнеуматик гарантира дека доколку корисникот се придржува кон техничките упатства, пневматиците беспрекорно ќе функционираат во дадениот гарантен период, па и подолго.
Пнеуматик изјавува дека производот кој неправилно функционира поради фабричка грешка на производителот ќе биде заменет со нов во рок од 30 дена или доколку производот не е повеќе достапен, купувачот ќе добие паричен надомест за истиот.
Гарантниот рок важи од денот на наплата и превземање на производот. Гаранцијата се признава само со фискална сметка или друг документ за извршено плаќање. Во случај на оправдана рекламација, односно фабричка грешка на производителот, се признава само неамортизираниот дел што се одредува врз база на преостанатата длабочина на нагазниот слој.
Пневматикот за кој е признаена рекламацијата останува во сопственост на Пнеуматик и купувачот не може да го задржи.
Услови за исполнување на гаранцијата
- Гаранцијата важи една (1) година од денот на купување на пневматиците.
- Гаранцијата важи само доколку купувачот се придржувал кон техничките упатства и карактеристики.
- Пневматикот кој е предмет на рекламација не смее да биде поправан или лепен.
- На барање на производителот, купувачот мора да достави и фелна заедно со пневматикот кој е предмет на рекламација.
- Не се признава рекламација на оштетен тубелес пневматик како последица на користење внатрешна гума или дупчење на истата, како и пневматик оштете поради структурни промени (поправки од страна на трети лица).
- Не се признава рекламација на пневматици оштетени од надворешни влијанија (демонтирање, пречки и остри предмети на патот (дупки и тротоари), синџири за снег и сл.)
- Гаранцијата не се однесува на пречки кои влијаат на абењето на пневматиците (брзо возење, еднострано, степенасто, брановидно).
- Гаранцијата не се однесува на пречки во возењето ако се јави тресење кога газечкиот слој е веќе потрошен повеќе од 10% или има оштетување на дисковите на тркалото.
- Гаранцијата не важи доколку при промена на пневматиците не е заменет стариот вентил со нов.
Технички упатства
- Почитувајте го правилата за димензијата, масата и оптоварувањето кои се определени од страна на производителот на возилото.
- Пневматиците секогаш треба да бидат монтирани на исправна и чиста фелна.
- Тубелес гумите треба да бидат монтирани исклучиво на фелни наменети за тубелес гуми.
- Пневматиците треба да бидат монтирани од страна на струни лица (вулканизери) само во овластени сервиси. При нестручно монтирање може да дојде до физичко оштетување. Вулканизерот мора да користи специјален алат и машини наменети за монтирање и балансирање на гуми.
- Пневматиците мора да бидат напумпани според притисокот што е пропишан од производителот на возилото.
- Не смеете да возите со пренизок, превисок или без притисок ниту во случај на дефект.
Најчести оштетувања и корисни податоци
- Оштетување на пневматикот како последица на неправилна геометрија на тркалото на оската.
- Наша препорака: посетете автомеханичар за центрирање на предницата
- Оштетување на пневматикот настанато од возење без или со слаб притисок. Главни причини за оваа состојба се неисправен или стар вентил, неисправна или искривена фелна или пак дупната гума.
- Наша препорака: Проверувајте го притисокот на пневматиците еднаш месечно и отстранете ја причината што го предизвикува неадекватниот притисок.
- Појава на набубрување на страничниот дел на гумата најчесто предизвикано од удар во дупка, качување на тротоар или нагазување на остар предмет.
- Наша препорака: Избегнувајте дупки и доколку баш морате, претпазливо качувајте се на тротоари.