Со една и едиснтвена мисија, да се подобри и забрза транспортот на производи и луѓе во светот, Michelin за многу брзо време станува светски претпознатлив бренд за гуми.
Дознај повеќе за безвоздушните гуми на Michelin!
Основан во 1889 година во Франција, Michelin е една од најпродаваните марки на гуми во светот. Во 2019 година, Michelin учествуваше со речиси 20 проценти од продажбата на пневматици во светот, победувајќи ги другите големи конкуренти како GoodYear и Pirelli. Со огромниот раст кој што го доживува во последните неколку години, Michelin основа своја групација каде што ги откупи познатите брендови за гуми BF Goodrich и Uniroyal – потег кој што уште повеќе ја зголеми вредноста на компанијата.
Види ги сите Michelin летни гуми тука!
Фабриките на Michelin произведуваат повеќе од само пневматици за автомобили - тие исто така гуми за велосипеди, гуми за авиони, гуми за мотори, како и гуми за специјални помошни возила во мотоспортови.
Во рамките на индустријата, гумите на Michelin се познати по нивните врвни стандарди, ригорозни тестирања, иновации и долги и сигурносни гаранции - ограничувањата на километражата достигнуваат 160.000 километри за одредени модели. Michelin е исто така еден од ретките производители кои нудат гаранција за своите зимски гуми.
Ти требаат зимски гуми? Види ги сите Michelin зимски гуми тука!