ADAC тест 225 50 R17 зима 2021

Кои се најдобри зимски гуми според ADAC?

Правилното држење на снег, мраз и влажен пат е од витално значење во студената сезона, а не сите зимски гуми го нудат тоа. Но, која гума е најдобрата? 18 гуми за автомобили од средната класа беа вклучени во тестот на ADAC и во продолжение е куса сублимација на резултатите.

Тестираната димензија 225/50 R17 со класа на брзина V (до 240 км/ч) е широко распространета кај возилата со среден опсег како што се Ауди А4 или БМВ Серија 3. За тестот за зимски гуми 2021 година, 18 модели од оваа димензија беа “ставени под микроскоп”. Добрите вести се дека три брендови на гуми се особено препорачливи, во широката средина се тринаесет брендови на гуми кои се покажуваат задоволително добро, а два брендови на гуми воопшто не ги задоволуваат потребите се се класифицираа како непрепорачливи.

Dunlop Wintersport 5, Michelin Alpin 6 и Goodyear UltraGrip Performace+ се врвното трио!

Инжењерите на ADAC ги препорачуваат без резерва бидејќи сите три даваат одлични резултати во сите главни критериуми. 

Dunlop успева да постави рекорд во перформансите на снег, во комбинација со најниската потрошувачка на гориво споредбено со другите две гуми од ова врвно трио. Michelin од друга страна, традиционално покажува најниско ниво на абење и во оваа димензија, тоа е уште позначително на суви и влажни коловози. Додека пак GoodYear е некаде на средина со одлични настапи во сите дисциплини, но без најдобри резултати.



Види ја понудата на зимски гуми од брендовите GoodYear, Michelin i Dunlop

Aлармантно е што со Goodride Z-507 Zuper Snowand и Linglong Green-Max Winter UHP се два модели  кои покажуваат толку сериозни слабости поврзани со безбедноста, што нивните перформанси беа класифицирани како „лоши“ и “непрепорачливи”. Затоа, од исклучително значење е пред да го направи изборот на гуми, купувачот да се посоветува со специјализирани продажни асистенти и експерти од гумарската индустрија.



Види ја целосната понуда на зимски гуми за димензија 225/50 R17

 

Извор: ADAC test 2021: winter tires 225/50 R17

https://www.adac.de/rund-ums-fahrzeug/tests/reifen/winterreifen/225-50-r17/


Сите тестови на зимски гуми за сезоната 2021, можете да ги најдете во брошурата ADAC brochure Winter and All-Season Tires 2021