Новата Super Sport генерација

Дали сте спремни за новата генерација на GoodYear Eagle F1?

Новите Goodyear Eagle F1 Super Sport се базираат на искуството од тркачките патеки каде Goodyear континуирано бележи успеси. 

За да обезбеди супериорна контрола и управување, направени се сериозни промени на крутите ребра на шарите, додека масивната затворена надворешна шара која се наоѓа на рамото на гумата, обезбедува контрола при пренесување на тежината во свиоците.

Супер-тврдиот дизајн на страничниот ѕид дополнително го подобрува управувањето без непотребно нарушување на удобноста при возење. Иако првенствено се развиени за суви услови, Goodyear направи иновативно достигнување и во перформансите при влажни услови преку распоредување на повеќе-сложена комбинација, односно суви оптимизирани надворешни делови за сув коловоз, во комбинација со три оптимизирани централни сегменти за влажен коловоз. Ова практично им овозможува на возачите безбедно да стискаат на педалата за гас низ свиоците по суви патишта, додека сепак уживаат во исклучителни перформанси на влажно сопирање и влажно управување.

Новиот опсег на GoodYear Eagle F1 ги вклучува:

- GoodYear Eagle F1 Super Sport, 

- GoodYear Eagle F1 Super Sport R, 

- GoodYear Eagle F1 Super Sport RS, 

Истите ќе бидат достапни во сите салони на Пнеуматик во втората половина на Март 2021 год. Направи рана резервација и искористи го попустот!


Пнеуматик Центар - 071-368-321

Пнеуматик Аеродром - 078-366-566

Пнеуматик Илинден - 076-311-911

Пнеуматик Битола - 078-366-776

Пнеуматик Тетово - 078-366-636

Главен магацин Визбегово - 071-368-322