Дали сте спремни за новата генерација на GoodYear Eagle F1?
Новите Goodyear Eagle F1 Super Sport се базираат на искуството од тркачките патеки каде Goodyear континуирано бележи успеси.
Види ги сите GOODYEAR гуми
За да обезбеди супериорна контрола и управување, направени се сериозни промени на крутите ребра на шарите, додека масивната затворена надворешна шара која се наоѓа на рамото на гумата, обезбедува контрола при пренесување на тежината во свиоците.
Супер-тврдиот дизајн на страничниот ѕид дополнително го подобрува управувањето без непотребно нарушување на удобноста при возење. Иако првенствено се развиени за суви услови, Goodyear направи иновативно достигнување и во перформансите при влажни услови преку распоредување на повеќе-сложена комбинација, односно суви оптимизирани надворешни делови за сув коловоз, во комбинација со три оптимизирани централни сегменти за влажен коловоз. Ова практично им овозможува на возачите безбедно да стискаат на педалата за гас низ свиоците по суви патишта, додека сепак уживаат во исклучителни перформанси на влажно сопирање и влажно управување.
Побарај понуда за твојата димензија
Новиот опсег на GoodYear Eagle F1 ги вклучува:
- GoodYear Eagle F1 Super Sport
- GoodYear Eagle F1 Super Sport R
- GoodYear Eagle F1 Super Sport RS
Истите ќе бидат достапни во сите салони на Пнеуматик во втората половина на Март 2021 год. Направи рана резервација и искористи го попустот!
Пнеуматик Центар - 071-368-321
Пнеуматик Аеродром - 078-366-566
Пнеуматик Илинден - 076-311-911
Пнеуматик Битола - 078-366-776
Пнеуматик Тетово - 078-366-636
Главен магацин Визбегово - 071-368-322