Овластен сметководител

Бараме

Овластен сметководител

кој ќе биде дел од финансискиот тим на Пнеуматик и ќе има активна улога во процесите на финансиска поддршка во одделот сметководство.


Опис на работната позиција:

  • Книжење, контрола и проверка на сметководствена документација
  • Следење и контрола на ДДВ и останати даночни обврски
  • Помош при изработка на даночни пријави
  • Помош при изработка на завршна сметка
  • Планирање и следење на плаќања кон добавувачи
  • Усогласување на салда и контрола на обврски
  • Контрола на влезни фактури и координација со материјално сметководство
  • Комуникација со банки, УЈП, ревизори и менаџмент
  • Водење на сметководството во согласност со важечките законски прописи


Потребни квалификации:

  • Лиценца за овластен сметководител
  • Претходно искуство во сметководство (искуство во трговија ќе се смета за предност)
  • Познавање на даночни и сметководствени прописи
  • Работа во ЦФМА ќе се смета за предност
  • Одговорност и способност за работа со рокови
  • Добри аналитички, организациски и комуникациски вештини


Што нудиме:

  • Работа во стабилна и растечка компанија
  • Можност за професионален развој
  • Динамична работна средина


Доколку се препознавате во описот, испратете ја Вашата биографија на pneumatik@pneumatik.com.mk со назнака „Овластен сметководител“.


Види ги другите отворени работни позиции тука