
Бараме ПРОДАВАЧ кој знае да заврти муабет... а и гума!
Сакаш автомобили и мотори?
Сакаш да комуницираш со луѓе, ама не поднесуваш здодевни работи?
Имаш око за добра препорака и не се губиш кога има избор? Во крвта ти е да бидеш љубезен и во движење?
Тогаш оваа позиција може да биде баш твоја!
Што ќе правиш?
- Ќе ги советуваш клиентите околу избор на гуми – за автомобили и мотори (немора да си експерт, ќе те обучиме
- Ќе комуницираш со муштерии (во живо, по телефон и онлајн)
- Ќе правиш сметки, ќе проверуваш залиха, ќе работиш со колеги
- Ќе бидеш дел од тим што сака кога работата тече мазно
Што ти нудиме?
- Обука – сè што треба да знаеш за гумите, ќе ти пренесеме
- Плата на време (секој месец, без „ќе биде ли?“)
- Работно време кое може да се усогласи со други активности
- Продавница со реални клиенти и пријатен, коректен тим
- Локација - Пнеуматик Аеродром
Што очекуваме?
- Добра комуникација (не мораш да бидеш продавач по природа, само да имаш став и љубезност)
- Одговорност и точност – сакаме луѓе на кои може да им се верува
- Основно компјутерско знаење (работиме со програми, не со хартија)
- Желба за учење – гумите се широка тема, повеќе отколку што мислиш
Пожелни квалификации:
- Завршено минимум средно образование;
- Основни компјутерски способности;
- Работно познавање на англиски јазик;
- Одлични комуникациски и преговарачки способности;
- Одлични организациски способности;
- Уредност, посветеност и сериозност во работата.
Ако си личност што ги сака возилата, а уште повеќе сака да им помогне на луѓето да направат добар избор – тогаш аплицирај со кратка биографија на pneumatik@pneumatik.com.mk или само испрати ни порака зошто си баш ти вистинскиот.
Види ги другите отворени работни позиции тука