ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОР

Бараме CALL OPERATOR што знае да зборува... и кога треба, и кога не треба


Постојано си на телефон?

Имаш талент да објасниш сè – од “како се закажува термин” до “како да се стигне до продавница”?

Сакаш работа што е динамична, а не ти одзема цела година?

Ајде, конечно искористи го тој телефонски талент за нешто корисно (и платено)!


Што ќе правиш?

  • Ќе одговараш на повици од муштерии (не, не е кол центар со скрипти – ова е реална комуникација)
  • Ќе проверуваш цени, достапност на гуми и сл.
  • Ќе закажуваш термини и ќе ги потсетуваш клиентите за нивната нарачка или новитети
  • Ќе бидеш прв контакт на компанија која функционира брзо и прецизно


Кога ќе работиш?

  • Сезонска: Октомври, Ноември и Декември
  • Може да се комбинира со друга работа, студии или обврски


Што очекуваме?

  • Да си комуникативен/на и услужлив/а
  • Да знаеш да работиш со телефон, компјутер и да не се губиш кога имаш повеќе задачи
  • Да си организиран/на – клиентите сакаат информации “на лице место”, а не “ќе ви се јавиме утре”
  • Да имаш позитивен став и трпеливост


Што нудиме?

  • Сезонска работа со коректна плата
  • Тим што знае да се поддржи
  • Обука и поддршка од првиот ден
  • Можност за повторна соработка секоја сезона


Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Одлични комуникациски способности, љубезност и смиреност;
  • Англиски и албански јазик ќе се сметаат за предност, но не и неопходност.


Аплицирај со кратка биографија на pneumatik@pneumatik.com.mk или само кажи ни зошто си ти вистинската личност за слушалката!


Види ги другите отворени работни позиции тука