
Бараме МАГАЦИОНЕР кој сака ред и има сила за акција
Дали си личност која не поднесува хаос?
Сакаш сè да е на свое место, ама и немаш проблем да преместиш нешто тешко од точка А до Б?
Имаме работа за тебе!
Што ќе правиш?
- Ќе го организираш магацинот (да, онака како што си навикнат да ти биде сè под конец)
- Ќе примаш и издаваш стока (гуми за секаков тип возила)
- Ќе проверуваш состојби, ќе водиш евиденција и ќе бидеш дел од тимот што знае што значи одговорност
- Ќе соработуваш со продавниците и ќе бидеш важен дел од процесот
Што ти нудиме?
- Пријатна работна атмосфера (не, не е празна фраза)
- Тим што функционира како добар мотор – кога секој си ја знае работата
- Редовна плата и навремена исплата, без “ќе биде ли?”
Што очекуваме?
- Одговорност и точност, сакаме луѓе на кои можеме да се потпреме
- Физичка подготвеност – магацинот бара движење, не седење на едно место
- Основно компјутерско знаење (за внес на податоци)
- Желба за тимска работа и комуникација со останатите колеги
Пожелни квалификации:
- Завршено минимум средно образование;
- Пожелно е искуство во логистика и магацинско работење;
- Одлични организациски способности;
- Уредност, посветеност и сериозност во работата.
Ако си меѓу 25 и 45 години, сакаш динамика и ја цениш добрата организација, а притоа не ти е страв од физичка работа – ова е за тебе.
Аплицирај со кратка биографија на pneumatik@pneumatik.com.mk или само пиши ни порака „Јас сум за ова!“
Види ги другите отворени работни позиции тука