all season tires, tires, goodyear, michelin, sailun

All season или гуми за сите сезони - дали се добри за во зима?


Кога снегот ќе ги погоди заледените патишта, дали вашите гуми за сите сезони ќе го совладаат предизвикот? Или најдобро е да ги замените за зимски гуми? Еве еден подетален преглед вклучувајќи неколку добри и лоши страни.

Значи, дали гумите за сите годишни времиња се добри за зимско возење - да или не?

Теоретски, да, иако одговорот навистина зависи од составот на самиот пневматик. Шарите на пневматиците може да бидат добри за возење на снег. И поспортските дезени на пневматици може да имаат добри перформанси во зимски услови, но само ако нивната гумена смеса е формулирана за “добар грип” на ледени површини. Внимавајте, не сите all season гуми го имаат тоа!




Иако законски гумите за сите сезони се прифатливи во нашата земја, сепак препорачуваме посебни зимски пневматици за секое возило што редовно се вози при студено време и услови на снег и мраз. Гумените соединенија на зимските гуми остануваат помеки и пофлексибилни на студ, а нивните дезени на шарите се оптимизирани за да добијат што е можно повеќе зафат на лизгавите површини. Воедно, патот на кочење со зимски пневматици е далеку пократок отколку со гумите за сите сезони. Оттука, зимските пневматици се многу побезбедни од all season гумите, а безбедноста ни е секогаш на прво место за нашите возачи. 


Погледни ја целосната понуда на гуми за сите сезони


Доколку сепак се одлучите за 4 сезонски гуми, битно е да знаете како да ги читате ознаките на страничните ѕидови на гумите. Гумите за сите сезони ја носат ознаката M+S (кал и снег). Тоа значи дека гумата има пошироки жлебови на шарите и поголеми блокови на шарите за да се обезбеди поголема влечна сила во калливи и снежни услови отколку гумите наменети само за летно возење. 




Добри и лоши страни на возење на снег со гуми за сите сезони

Како што сугерира терминот, гумата за сите сезони е наменета да обезбеди перформанси што инспирираат самодоверба под какви било услови на патот. Ако имате возило кое ретко се користи во зимски услови и не сакате да морате да се префрлате помеѓу посебни летни и зимски гуми, квалитетниот сет на гуми за сите сезони е соодветен компромис.

Добрите страни:

  • Нема потреба сезонски да менувате гуми: главната придобивка од гумите за сите сезони во однос на другите видови е тоа што не мора да ги менувате во ниту една сезона. Тоа би ви заштедило многу време и пари.
  • Помалку бучни на патот: вообичаено, гумите за сите сезони нудат потивко возење, бидејќи нудат помалку држење, а со тоа и помалку триење на патот.


Лошите страни:

  • Непрактично во зависност од тоа каде живеете: Ако живеете во области каде што температурата значително опаѓа или региони каде што често има снежни врнежи, гумите за сите сезони не можат да го понудат држењето и безбедноста што ги добивате со зимските гуми.
  • Нарушени перформанси: помалиот “грип” во споредба со зимски пневматици значи и пониски перформанси на патот. 
  • Побрзо абење на пневматиците: гумите кои се возат во текот на целата година, поминуваат повеќе километража за пократок период. Доколку поседувате сет зимски и сет летни гуми, иако првично изгледа како поголема инвестиција, тоа е заштеда на долг рок. 


Доколку сепак барате зимски гуми, разгледајте ја целата понуда тука


Заклучокот е дека доколку поседувате автомобил кој ретко се вози во зимски услови, во минусни температури, на снег и кал, тогаш гуми за сите сезони се добар компромис за вас. Но, доколку често возите во зимски услови, имајте во предвид дека и најдобрите гуми за сите сезони не покажуваат толку високи перформанси како зимските гуми.



Кои се најдобрите зимски гуми и гуми за сите сезони за оваа 2023 година? Прочитај тука!