Zimski gumi, novi gumi, pnevmatici

Пневматиците кои се продаваат во малопродажба се сметаат за нови доколку се стари до пет години

Сојузот на Германската индустрија за гуми и Здружението на вулканизери на Германија тврдат дека пневматиците кои се продаваат во малопродажба се сметаат за нови доколку се стари до пет години. Сепак, овие организации не велат дека по истекот на овој период од 5 години, пневматиците нема да смеат повеќе да се продаваат затоа што гумата е материјал кој што не губи од своите карактеристики така лесно.  Гумите кои се правилно чувани во фабрички или малопродажни магацини ги зачувуваат своите карактеристики долго после датумот на нивното производство.

Според Европското здружение на произведувачи на гуми и фелни (European Tyre and Rim Technical Organization – ETRTO), конечниот рок во кој гумите мора да бидат продадени не е точно дефиниран, но укажувањето е дека гумите кои се правилно чувани во фабрички или малопродажни магацини ги зачувуваат своите карактеристики долго после датумот на производство.



Колку се стари моите нови гуми?

Луѓето се во недоумица дали е потребно пред купувањето да се проверува датумот на производство, таканаречената ДОТ ознака. Но, ова не е прашање кое ги мачи само македонските возачи, туку е глобална дилема за која производителите на пневматици години наназад се обидуваат да дадат конкретен одговор и да им обезбедат на купувачите безгрижност при изборот на гуми.


За таа цел, направени се тестирања во реномирани тест центри и ставовите на производителите и организациите се поткрепени со научно докажани факти. А фактот е дека гумите стареат побрзо кога се возат отколку кога се чуваат.


Гумите кои активно се возат една година имаат потполно исто стареење со гумите складирани 10 години

Јужнокорејската студија, во меѓувреме, се правела врз нови пневматици и три години стари пневматици во серија тестови за голема брзина и засилена брзина. Во Германија пак, биле тестирани новопроизведени гуми и гуми складирани три години, во однос на отпорноста на тркалање и држење на патот. И во двете студии, новата и тригодишната серија пневматици се претставиле потполно идентично.


Разгледај ја целата понуда на зимски гуми


Слични насоки дава и корпорацијата Goodyear, која акцентот го става на начинот на складирање на гуми, наместо на рокот и годината на производство. Односно, според насоките на Goodyear новите, неупотребувани гуми, исто како и веќе користените гуми, треба да се складираат соодветно во магацини специфично направени за складирање на пневматици во кои гумите ќе бидат заштитени од секакви надворешни влијанија, без допир со влага, светлина, хемикалии и други штетни околности. Во вакви услови, квалитетот на пневматиците се одржува на високо ниво, независно од годината на нивното производство.




Гумите кои се правилно чувани во фабрички или малопродажни магацини ги зачувуваат своите карактеристики долго после датумот на производство

Пнеуматик располага со специјализирани магацини за чување на нови неупотребувани гуми, како и вонсезонски гуми оставени на чување во хотелот за гуми. Магацините се опремени по најсовремени стандарди без температурни разлики и без никакво влијание на УВ зраци, масла, хемикалии, влага или други штетни влијанија. Според препораките на производителите, Пнеуматик набави специјализирани сталажи од германски производител, посебно дизајнирани за складирање на пневматици на кои гумата се допира на четири идеални точки, посебно утврдени за да гумата не биде натисната или оштетена, со што се зачувуваат нејзините фабрички карактеристики.

Оттука, Пнеуматик обезбедува фабричка гаранција за сите пневматици кои се продаваат во малопродажните салони без разлика на годината на нивното производство, што е доволен доказ за нивниот висок квалитет.

“е

За пневматиците кои се во употреба односно монтирани на возило, без разлика дали се користат сезонски или постојано, производителите препорачуваат гумите постари од 10 години да бидат проверени од специјалист - вулканизер. Гумите трпат многу различни оштетувања за време на нивниот животен век. Понекогаш возилото може да не е исправно, или гумата да биде надуена или да има други оштетувања видливи, или пак, сосема невидливи со око. Патни пречки, удари на дупки, поплави, екстремни горештини во текот на летото, сето тоа го остава својот белег врз гумите.


Немаш каде да ги чуваш вонсезонски гуми? Провери го нашиот хотел за гуми!