Пнеуматик асистенција - КАСКО на гуми

Дали ви се случило да најдете закована шајка во вашите нови гуми? Можеби вашето омилено паркинг место е на висок и остар тротоар?  

Новата услуга Пнеуматик асистенција ви обезбедува КАСКО заштита на пневматиците на вашиот автомобил. Покрај фабричката гаранција на гумите во времетраење од една година, КАСКО заштитата ги вклучува и секојдневните оштетувања на гумите при возење како удари во дупки, качување на високи тротоари, оштетувања од шајки, распарчено стакло или други остри предмети на патот, сообраќајна незгода и друго. Се на се, КАСКО осигурувањето е заштита на вашите нови пневматици од секакви оштетувања од знаен или незнаен причинител при возење.

Доколку ви се случи оштетување на гумата на отворен пат, во или надвор од населено место, КАСКО осигурувањето ви обезбедува комплетна помош на пат. Во соработка со АМСМ, во рамки на програмата Пнеуматик асистенција, КАСКО осигурувањето ви нуди пренос на патниците и пренос на возилото до најблискиот Пнеуматик сервис. Доколку се случи оштетување на еден од четирите пневматици покриени со осигурувањето, односно штета предизвикана од корисникот или сообраќајна незгода, КАСКО заштитата на Пнеуматик ќе ја покрие цената за поправка или комплетна замена на оштетената гума.

Во најблискиот сервис на Пнеуматик ќе биде направена проценка на оштетениот пневматик. Доколку е возможно, истиот ќе биде поправен и повторно монтиран на вашето возило. Доколку оштетувањето е големо и пневматикот не може да биде безбедно поправен, истиот ќе биде заменет со нов потполно ист пневматик.

КАСКО заштитата се добива гратис со купување на 4 патнички пневматици од било која димензија од брендовите GoodYear, Dunlop, Cooper Tires, Nankang и Sailun и има важност од 1 година од денот на купување и монтирање на пневматиците.

За останатите брендови, КАСКО заштитата може да се добие со доплата од 1.000 ден. при купување четири или две патнички гуми.

 

*КАСКО заштитата НЕ важи за кражба на гумите. 

*КАСКО заштитата НЕ важи за намерно оштетување со нож или друг остар предмет.

*КАСКО заштитата НЕ важи за RunonFlat пневматици.

*КАСКО заштитата НЕ важи за Michelin пневматици.

 

КАСКО заштитата се однесува на еден пневматик од четирите купени. По искористувањето на КАСКО осигурувањето за еден пневматик, истото престанува да важи и не може да се користи за други оштетувања во иднина. Фабричката гаранција си продолжува да важи за сите четирите нови пневматици во времетраење од 1 година од денот на купување и монтирање на пневматиците во овластен Пнеуматик сервис. КАСКО заштитата издадена од Пнеуматик важи на територијата на целата Република С. Македонија. 


Како да го активирам КАСКО-то?  

Со едноставно вртење на телефонскиот број 02/3181-360.

Вашиот повик ќе биде преземен од асистентите на АМСМ со кои ќе се договорите за точната локација од каде сакате да биде земено возилото и патниците и до кој салон на Пнеуматик сакате да бидете превезени и услужени. Доколку возилото е во возна состојба и немате потреба од шлеп служба, без претходна најава можете да дојдете директно во некој од продажните салони на Пнеуматик и нашите продажни асистенти ќе ви ја објаснат понатамошната постапка.

Пнеуматик Центар – “Митрополит Т. Гологанов” бр.52, Скопје, тел. 02/3231-765, 071-368-321 e-mail: centar@pneumatik.com.mk  

Пнеуматик Аеродром – “Србија” бр.48а, Скопје, тел. 02/555-777, 078-366-566 e-mail: aerodrom@pneumatik.com.mk

Пнеуматик Илинден – “34” бр.12, Скопје, тел. 02/602-066, 076-311-911 e-mail: ilinden@pneumatik.com.mk

Пнеуматик Битола – “Воден” бр.16, Битола, тел. 078-366-776 e-mail: bitola@pneumatik.com.mk

Пнеуматик Тетово – “Илинденска” бб. Тетово, тел.078-366-636 e-mail: tetovo@pneumatik.com.mk

Пнеуматик Визбегово – “Качанички пат” бб, Скопје, тел. 071-368-322 e-mail: magacin@tda.com.mk