Гуми за сите сезони - ДА или НЕ?
Пневматиците за сите сезони се практично решение за региони со кратки зимски сезони и помалку снег. Тие овозможуваат добра изведба и на сув и на влажен пат, каллив и со слаб снег.
Новата Sava Аll Weather е предвесник на новата генерација на комфор во возењето со гуми за сите сезони.
Види ги сите Sava гуми за сите сезони
Доверлива изведба на влажни патишта!
Забележително поизразената форма на V на новата Sava All Weather дополнително ја зголемува отпорноста на аквапланирање. Се зголемува способноста на гумата брзо да ја исфрли водата од шарите, што придонесува за одличен зафат на влажен пат и кратко растојание на сопирање.
Сигурна контрола на снегот!
Повеќенасочните рабови кои на Sava All Weather и даваат брановиден облик, во комбинација со исправени и надолжни жлебови, значи дека рабовите се искривени во повеќе насоки. Toa ja pодобрува способноста на гумаta за истиснување на снегот што резултира со подобар зафат.
Заштеда на гориво и долготрајна издржливост!
Додаденото соединение од мешавина со полимер ја зголемува отпорноста на шарата од абење што овозможува подобра километража. Способноста на Sava All Weather да произведува помалку топлина и да троши помалку енергија ја подобрува потрошувачката на гориво.