Goodyear F1 Eagle SuperSport

Најдобрата технологија на Goodyear во служба на најдобрите летни гуми

GoodYear ја издигна својата технологија за производство на гуми со високи перформанси на повисоко ниво со воведувањето на опсегот на гуми  наречен Eagle F1 Supersport, кој ќе ги “изеде” моделите Michelin Pilot Sport 4S и Pirelli P Zero Cup 2 во сегментот Ultra Ultra High Performance (гуми со исклучително високи перформанси).

Потпретседателот на GoodYear Европа и главен директор за маркетинг Мајк Ритокоски изјави дека опсегот Supersport ќе ја прикаже најдобрата технологија за производство на гуми што брендот ја нуди.

„Имаме технологија со која што сакаме да се пофалиме, и иако ова е прилично мал сегмент, тој е многу важен сегмент затоа што покажува што се можеме да направиме. 

Види ги сите летни гуми на Goodyear 

GoodYear e бренд со кој што можеме да ја покажеме водечката технологија. Веруваме дека во денешниот свет, технологиите за производство гуми се исклучително битни. Само така ќе победиме на пазарот, со примена на најдобрите технологии. Сега Goodyear нуди гуми во сегмент кој што е многу специфичен и кој што побарува најмногу.“


Основната на Supersport сега се темели на нова мешавина на соединението што резултира со подобрен зафат во сите услови, додека пак со зајакнато надворешно рамо на гумата се постигнува поширок контакт со патот во свиоците.

Goodyear тврди дека Supersport е за 0,54 секунди побрз од Michelin Pilot Sport 4S, тестирано на тест патеката на Goodyear со должина од 3,3 километри.

Прашај за цена за твојата димензија

Следна во опсегот е Supersport R, која се карактиризира со поголема цврстина во свиоците за што има додадени дополнителни елементи за премостување помеѓу рамото и гребените, како и дополнително лепливо гумено соединение. Supersport R е наменет за возила каде што сопствениците сакаат подеднакво уживаат во возењето на пат и на патека, на пример за BMW M4 CS и Mercedes-AMG GT R.


Во меѓувреме, врвниот спектар на Supersport RS користи технологија произлезена од моторспорт, како што е неговото супер лепливо соединение и е дизајнирана за тркачки чистокрвни раси како што е Porsche 911 GT2 RS.

Опсегот на Supersport е достапен во 37 различни големини - 31 за Supersport, четири за Supersport R и две за Supersport RS.


Резервирај термин за промена на нови летни гуми