Goodyear е награден за најдобар производител на зимски гуми за 2023!
Престижното германско автомобилско издание Auto Bild, повторно го награди Goodyear со титулата Бр.1 производител на годината, овој пат за извонредни перформанси во категоријата зимски пневматици. Ова значајно признание доаѓа како надополнување на претходна награда на Goodyear за Производител на годината на летни гуми 2023. Ова е доказ за извонредноста на Goodyear кој обезбедува супериорни гуми во текот на целата година.
Top Manufacturer Winter 2023!
Auto Bild ги пофали исклучителните перформанси на палетата зимски пневматици на Goodyear, изјавувајќи дека: „Победниците на мразот меѓу зимските гуми повторно доаѓаат од производителот на гуми Goodyear. Моделите UltraGrip Performance 3 и UltraGrip Performance Plus SUV постигнуваат уште една победа на сезоната со убедливи перформанси.“
„Многу сме горди што го добивме ова престижно признание за палетата на зимски и летни пневматици оваа година“, рече Дејвид Анкаерт, потпретседател на Goodyear за Европа. „Овие признанија се доказ за посветеноста на Goodyear за иновативност и способност да обезбеди пневматици кои одговараат на потребите на современите возила, помагаат максимално да се искористат перформансите на возилото, а на возачите им го даваат она што е потребно за да го надградат своето возачко искуство“.
Година на победи - Goodyear зимски гуми
Покрај тоа што беа крунисани за производител на годината од Auto Bild, зимските гуми на Goodyear успешно се покажаа на многубројни тестови спроведени од водечките авто институции низ Европа:
Неодамна претставениот Goodyear UltraGrip Performance 3 ја обезбеди врвната позиција во сите седум тестови на кои учествуваше:
- Во својот тест за зимски гуми со големина 225/45 R18 Auto Bild ја прослави новата зимска гума на Goodyear за нејзината „еколошки свесна, одржлива и безбедна подвижност“ за што ги додели етикетите „Еко-мајстор“ и „Зелена гума“, второ место од 54 кандидати, како и „примерен“ рејтинг (exemplary)
- Споредувајќи 11 зимски гуми со големина 225/40 R18, спортските автомобилисти на Auto Bild ги крунисаа гумите на Goodyear на прво место, споменувајќи ги нејзините „убедливи возни карактеристики во сите временски услови и многу добри безбедносни резерви при аквапланинг“
- Препознавајќи ја својата „прецизна, безбедна и доверлива“ изведба „со широк опсег на резерви на сите три површини“, германското списание Sport Auto го награди UltraGrip Performance 3 за победник на последниот тест на зимски пневматици со големина 225/40 R18
- Германскиот магазин Auto Motor und Sport ги препозна своите одлични перформанси со второто место на нивниот тест зимски пневматици со големина 255/45 R20, коментирајќи: „Многу широко позициониран. Новиот Goodyear е во првите редови без разлика на временските услови“
- UltraGrip Performance 3 победи и на тестот спроведен од шведската публикација Teknikans Värld во димензија 225/50 R17
- Британскиот Auto Express ја потврди извонредноста на гумата со финишот на третото место во големината 225/45R17
Паралелно на Goodyear UltraGrip Performance 3, неодамна лансираната гума Goodyear UltraGrip Ice 3, специјално развиена за потребите на нордиските возачи, беше наградена со 1-во место на најновите тестови за зимски гуми спроведени од финските списанија Moottori 10 и Tekniikan Maailma.
Goodyear UltraGrip Performance+ SUV постигна резултат на подиумот на најновиот тест за зимски пневматици на Auto Bild Allrad. Публикација и додели трето место и „примерно“ (exemplary) на зимските гуми, коментирајќи: „Сеопфатни пневматици со одлични квалитети за влажно ракување, извонредни безбедносни резерви при аквапланинг, одлична тракција на снег и кратки растојанија на сопирање на суви патишта.“
Види ги сите зимски гуми Goodyear
Воведувањето на UltraGrip Performance 3 и UltraGrip Ice 3 оваа година дојде како надополнување на веќе силното портфолио на производителот на гуми кој е изгласан за севкупен:
- Производител на годината за зимски гуми за 2023 и
- Производител на годината за летни гуми за 2023
Купи Goodyear зимски гуми и добиј подарок!
Почнувајќи од 15.10.2023 година, за секој купен сет зимски гуми или гуми за сите сезони, Goodyear ви подарува брендиран дуксер од лимитираната колекција со дизајнерски потпис. Акцијата се однесува на Goodyear пневматици со димензии 16" и поголеми и трае до потрошување на залихите на подароците.
_______________________
Извор:
- Auto Bild – Issue 42/2023
- Auto Bild – Issue 12/2023
- Quote translated from original German.
- Auto Bild – Issue 40/2023. Comparison of 54 winter tires in the size 225/45 R18
- Auto Bild – Issue 41/2023 (sportscars section). Comparison of 11 winter tires in the size 225/40R18
- Sport auto – issue 11/2023. Comparison of 10 winter tires in the size 225/40R18
- Auto Motor und Sport – Issue 20/2023. Comparison of 7 winter tires in the size 255/45 R 20 105 V XL
- TEKNIKENS VÄRLD – Issue 20/2023. Comparison of Nordic friction (non-studded) tires with Middle-European tires and studded tires in the size 225/50R17.
- Auto Express – 20th September 2023. Winter tires compared in the size 225/45R17.
- MOOTTORI – Issue 9/2023, tire test comparing premium non-studded (friction) tires with low-budget studded tires in the size 205/55R16.
- Tekniikan Maailma –Issue 18/2023, test of non-studded (friction) tires and studded tires in the size 205/55R16.
- Auto Bild – Issue 41/2023 (allrad section). Comparison of 10 winter tires in the size 225/60R18